Есента само што не пристигнала и тоа лесно може да се претпостави по временската прогноза. Имајќи го тоа на ум, годинава треба да се подготвите порано за нејзиното пристигнување. Добрите обувки се клучни за добар есенски стил, па токму затоа и ги издвоивме најдобрите 5 комбинации со кои ќе изгледате модерно и фантастично.rn
1. Цветен фустан
rn
rnrnОвој модел чизми делува како да е дел од машка гардероба, но во комбинација со женствени парчиња облека, како овој неодолив цветен фустан, тие се клучни за оваа есен.rn
2. Секси здолниште
rn
rnrnДоколку сакате да постигнете секси, но и лежерен изглед, тогаш оваа комбинација е совршената за вас. Едноставно комбинирајте ги вашите омилени есенски чизми со кое било кратко здолниште.rn
3. Кратки шорцеви
rn
rnrnОваа комбинација е идеална за сончевите есенски денови. Вие ќе бидете подготвени за новото годишно време, додека истовремено впивате топлина од сончевите зраци.rn
4. Широки пантолони
rn
rnrnДоколку сакате да изгледате гламурозно и елегантно, ова е совршената комбинација за на работа, но и за вечерните свечени настани.rn
5. Тесни фармерки
rn
rnrnТесните фармерки изгледаат одлично кога се носат со чизми до глуждови. Тоа многу добро го знае и Џиџи Хадид, која често може да се забележи во оваа модна комбинација.
