КАФЕ ПАУЗА

Епизоди (Episodes)

Епизоди (Episodes)

Written by

in

ТВ серија за животот на луѓето кои се дел од холивудскиот шоу-бизнисrnrnЕпизоди (Episodes)Главни улоги: Мет ле Бланк, Тамсин Грејг, Стивен МанганrnrnЖанр: ситуациска комедија (ситком)rnrnКреатор: Дејвид Крејн и Џефри КларикrnrnПремиера: 9 јануари 2011rnrnБрој на сезони: 2rnrnСтатус: во текrnrnВреметраење: 30 минутиrnrnНаша оценка: 7,5rnrnВаша оценка: [ratings]rnСодржина: Во серијата станува збор за британскиот брачен пар Шон и Беверли Линколн, кои се сценаристи и режисери и работат на популарна британска ТВ серија за млади. Тие се повикани во Холивуд да направат американска верзија на истата, која доживеала многу голем успех и почнала да освојува светски награди, па затоа американската телевизиска мрежа почнува да си замислува повеќе доларчиња, доколку ја преземе серијата во свои раце.rn

rnКога Шон и Беверли пристигнуваат во Холивуд, тие се тотално шокирани од фактот дека телевизијата бара од нив од корен да го изменат шоуто. Главната улога во американската верзија треба да ја толкува секси тренер по хокеј кој ќе го глуми Мет ле Бланк, наместо стариот директор кој ја толкува главната улога во оригиналната серија. Целиот нов свет кој го доживуваат во Холивуд, Шон и Беверли го сметаат за налудничав и комичен. И покрај тоа што на почетокот беа скептични за тоа дали треба да ја прифатат работата, после потпишувањето на договорот, остануваат таму и тогаш во нивниот претходно спокоен брачен живот, почнуваат да се случуваат разни перипетии кои ги носи со себе шоу-бизнисот.Епизоди (Episodes)Зошто да ја гледате: „Епизоди“ е забавна ТВ серија која е малку поразлична од она на коешто сме навикнале да го гледаме во американските серии. Двајцата шармантни британски актери и забавниот сексапилен Мет ле Бланк кој сите го обожаваме уште од ТВ серијата „Пријатели“, како и интересното разоткривање на она што се случува зад камерите во Холивуд, проследено со еден специфичен саркастичен хумор, ја прават ова серија забавна и симпатична за гледање.Епизоди (Episodes)Кога и како да ја гледате: Една епизода трае 30 минути, така што доколку секоја вечер, ви треба нешто да гледате додека се обидувате да заспиете, тогаш таа е одличен избор за овој период од ноќта, бидејќи нема премногу да ве расони и возбуди, но доволно ќе ве расположи за слатко да си заспиете.Епизоди (Episodes)
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.