Сигурно ви е добро познато дека негата на кожата и здравиот начин на живот можат многу да придонесат за одложување на природниот процес на стареење и да спречат разноразни проблеми со кожата. Затоа, водечките естетски експерти ви препорачуваат да ги следите овие совети, особено доколку немате време за интензивна нега на кожата.rnrn
rn
1. Чистење на лицето
rnСекоја вечер пред заспивање чистете го лицето со препарат за чистење избран според потребите на вашата кожа. Тоа е суштински чекор во вашата рутина за нега на кожата со цел да ја ослободите од насобраните токсини во текот на денот, да ѝ овозможите на кожата да „дише“ и да ја активира природната регенеративна моќ. Меѓу другото, несоодветното или недоволното чистење може да го наруши микробиомот на кожата и да предизвика одредени проблеми, како чувство на затегнатост и дехидрација.rn
2. Закажете преглед кај дерматолог
rnИсто како што одите на стоматолог барем еднаш годишно за отстранување на забен камен, што е неопходно за вашата орална хигиена, закажете барем еден преглед годишно на дерматолог кој ќе ви даде совети за вашата кожа.rn
3. Усогласете ја негата на кожата во однос на сезоната
rnУсогласете ја вашата козметичка рутина со секоја сезона бидејќи потребите на вашата кожа не се исти на топло и ладно време. На пример, избегнувајте честа употреба на пилинг на ладно време, а во лето заменете ја богатата крема за лице со лосион.rn
4. Нанесете маска по пилинг
rnКога правите пилинг, идеално е потоа да нанесете смирувачка маска. По пилингот, кожата е почувствителна, а маската за лице ќе ја смири и ќе го зајакне нејзиниот микробиом.rn
5. Почнете да користите масло за лице
rnБез разлика дали вашата кожа е сува или мрсна, заменете ја вашата хидратантна крема со масло кое е соодветно за вашиот тип на кожа. Тоа ќе ја нахрани сувата кожа, додека пак ќе го регулира производството на себум кај мрсната кожа.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за нега на кожата, можеби ќе сакате да ги прочитате и советите за нега на кожа со масло од шафраника.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr
