Кога се соочувате со болни искуства во животот, било да станува збор за раскинување, трауми од детството, губење на саканата личност, па дури и губење на работата, страдањето е нормална реакција. Сепак, доаѓа момент кога треба да се откажете од сета таа болка и страдање и да се фокусирате на тоа како можете емоционално да оздравите.rnrn
rnrnЗаздравувањето на емоционалните рани не е лесен процес, но е неопходен за среќен и мирен живот. Во продолжение прочитајте на кој начин можете да ги пребродите болните искуства и да започнете со процесот на емоционално оздравување.rn
1. Бидете трпеливи и не премногу самокритични
rnКога станува збор за оздравување на емоционалните рани, треба да знаете дека ништо не се случува преку ноќ, треба да бидете трпеливи и да си дадете време да се справите со сè. Исцелувањето е важен процес и важно е да си пружите себеси онолку време колку ви е потребно за да сфатите што треба да промените. Дури и кога работите изгледаат особено предизвикувачки, обидете се да не се откажувате од себе. Секогаш запомнете дека тоа е процес и ако сакате емотивно да оздравите, мора да ги искусите и грдите делови од процесот за вистински да продолжите понатаму.rn
2. Фокусирајте се на самољубие
rnПроцесот на емоционално заздравување може да бара голем напор од вас. Затоа е важно да одвоите време и да се погрижите за себе. Кога се обидувате емотивно да заздравите, тоа може да ви одземе многу енергија, па затоа од големо значење е да се однесувате кон себе со многу трпение и љубезност.rn
3. Научете да преземате одговорност за вашиот живот
rnКога сте повредени, нормално е да очекувате некој друг да дојде и да ве утеши, да ве заштити и спаси. Сето тоа е нормално, до одредена граница. Нормално е да побарате помош од вашите блиски кога страдате, но треба да внимавате доколку другите луѓе почнат да ги донесуваат вашите одлуки наместо вас. Една од најважните работи што треба да ги направите ако сакате емотивно да заздравите е да преземете одговорност за себе и за својот живот. Кога ќе го допрете дното, тогаш ќе сфатите дека само вие знаете што е најдобро за вас и што треба да направите за да бидете сигурни дека ќе пронајдете светлина на крајот од тунелот.rn
4. Важно е да го прифатите она што го чувствувате
rnПотиснатите чувства можат да доведат до емоционални нарушувања, па затоа една од најдобрите работи што можете да ги направите во врска со емоционалното заздравување е да почувствувате што се случува во вас без да се обидувате да го избегнете тоа. Ќе биде навистина тешко на почетокот, но со текот на времето ќе видите дека можете да се справите со вашата болка многу подобро од претходниот ден.rn
5. Знајте дека нема секој ден да биде добар, а тоа е сосема во ред
rnСамо затоа што одново и одново доживувате неуспеси и не секој ден е добар, тоа не значи дека не сте способни да ја победите вашата болка. Запомнете дека неуспесите се неминовен дел од процесот и дека проблемите и предизвиците ги носат најважните лекции во животот. Предизвикајте се себеси и научете да се справувате со секој предизвик што животот ќе ви го донесе. Исцелувањето е можно само кога сте подготвени подеднакво да ги прифатите добрите и лошите работи.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за емоционално оздравување, можеби ќе сакате да прочитате и кои знаци укажуваат на тоа дека сте емоционално зрела личност.rnrnИзвор: themindsjournal.com
