Чаевите за детоксикација се популарни со години, особено кај оние кои држат диета и практикуваат здрав начин на живот, бидејќи служат за исфрлање на токсините од телото, забрзување на метаболизмот и топење на масните наслаги. Но, колку се ефикасни овие чаеви и дали се опасни по здравјето?rnrn
rn
Ќе изгубите течности, а не масти
rnЧаевите за детоксикација обично содржат кофеин и други диуретици што го поттикнуваат излачувањето на вишокот течности од телото преку урината и потта.rnrnОткако ќе се ослободите од вишокот течност, ќе се чувствувате полесно и поенергично, и покрај тоа што не сте изгубиле ни еден грам масти.rnrnЧаевите за детоксикација може да предизвикаат лаксативно дејство, што исто така придонесува да се чувствувате полесно. Важно е да запомните дека штом ќе се вратите на старите навики или ќе престанете да пиете чај, течноста ќе се врати, како и „изгубените килограми“.rn
Не заборавајте на вежбањето и здравата исхрана
rnСо секој чај за детоксикација се препорачува здрава исхрана и редовно вежбање. Имено, со потењето го забрзувате излачувањето на токсините, а со јадењето придонесувате за здравјето на метаболизмот. Сето ова може да резултира со губење на тежината на долг рок, но само пиењето чаеви за детоксикација не е доволно за да го растопи вишокот килограми.rn
Чаевите за детоксикација предизвикуваат немирен сон
rnПовеќето чаеви за детоксикација содржат кофеин бидејќи го намалуваат апетитот, го стимулираат варењето и го забрзуваат метаболизмот. Сепак, премногу кофеин може да предизвика голем број несакани ефекти поврзани со ритамот и притисокот на срцето, а тоа да предизвика нарушување на квалитетниот сон.rnrnПокрај тоа, прекумерната количина на кофеин може да го стимулира апетитот и на тој начин индиректно да влијае на зголемувањето на телесната тежина.rn
Може да предизвикаат одредени несакани ефекти
rnНекои чаеви се користат за намалување на апетитот, за забрзување на метаболизмот или за други слични цели, но некои растенија може да предизвикаат несакани ефекти.rnrnЕдна од популарните состојки во чаевите за слабеење е гуараната, растение кое често се додава во енергетските пијалаци. Несаканите ефекти обично се поврзани со нервоза, немир, иритација на стомакот, гадење, повраќање, главоболка, вознемиреност, немир, ѕвонење во ушите, забрзано чукање на срцето и брзо дишење.rnrnИмајте на ум дека дури и природните состојки може да предизвикаат несакани ефекти, особено кога се консумираат прекумерно или во интеракција со некои лекови.rn
Спроведени се малку истражувања поврзани со овие чаеви
rnИако има истражувања за одредени состојки на чајот, многу малку е испитана ефикасноста на комбинацијата на состојките што ги содржат чаевите за детоксикација.rnrnТоа значи дека не може со сигурност да се каже како дејствуваат чаевите за детоксикација и дали се безбедни за здравјето.rnrnПрочитајте дали е подобро да пиете ладен или топол чај.