Сите жени сакаат да експериментираат со производите кои ги ставаат на лицето, а маските и лосионите кои се приготвуваат во кујната отсекогаш им биле занимливи. Меѓутоа, експертите предупредуваат дека треба да внимавате што ставате на лицето, како и дека не треба да ставаме на нашата кожа сè што ќе ни биде на дофат. Токму затоа и треба да ги држите следниве 5 нешта што подалеку од вас.rnrn
rn
1. Алкохол
rnСо алкохолот честопати се дезинфицираат рани, но по никоја цена не треба да го нанесувате на акните и раните на лицето, бидејќи во истиот момент тој ќе ја исуши вашата кожа.rn
2. Шеќер
rnВеќе е познато дека прекумерното консумирање шеќер води до слабеење на еластичноста на кожата, па и со самото тоа до појава на брчки. Експертите велат дека не станува збор само за неговото внесување, туку и дека шеќерот што го ставаме на кожата може да ги создаде истите несакани последици. Затоа, маските со кафеав шеќер треба да ги користите само во борбата против целулитот, а никако да ги ставате на лицето.rnrn
rn
3. Лосион за тело
rnВерувале или не, многу жени го користат лосионот за тело како крема за лице. Тоа е потполно погрешно, бидејќи кожата на лицето е многу поделикатна од кожата на телото и за неа се потребни понежни производи. Исто така, лосионите за тело честопати содржат парфеми и светки, кои може да му наштетат на лицето.rn
4. Сода бикарбона
rnСода бикарбоната честопати се спомнува во некои рецепти за домашна изработка на пилинг за лице, но размислите: доколку таа може да ги избели забите, дали навистина е безопасна за лицето?rnrn
rn
5. Лак за коса
rnСекако, ниту една од нас не би нанела лак за коса свесно на нашето лице, но големи се шансите дека го правиме тоа несвесно. Лакот за коса е полн со хемикалии кои ги затвараат порите, поради што може да дојде до појава на акни.