Љубовта отсекогаш била мистериозна, правејќи ја огромна инспирација за бројни уметници кои низ зборови, фотографии или илустрации се обидувале да ја пренесат оваа прекрасна емоција, секогаш искрена, невина и магична. Во потрага по малку поинакви дефиниции и погледи кон љубовта, побаравме мислење од сосема обични момчиња/мажи и девојчиња/жени од различни генерации, кои ни дадоа кратки, смешни и забавни изјави за начинот на кој тие ја гледаат љубовта. Подгответе се за голема доза смеа и топење!rnrn
rn
„Љубов е кога ќе почувствуваш дека засакуваш некого и потоа одиш да се дружиш со него. Тогаш станувате момче и девојка. А потоа и маж и жена.“ – Марко, 6 години
rn
„Љубов е кога сакаш некое момче и кога ќе се заљубиш во него и кога понекогаш ќе одите заедно во училиште. Потоа сè повеќе ќе се заљубуваш. Љубовта е кога маж и жена сакаат и да го прослават тоа, преку прошетка.“ – Петра, 8 години
rn
„За мене таа е смислата на мојот живот. Навидум разиграна и весела, но всушност тешка и комплицирана.“ – Алек, 15 години
rn
„Љубов е кога читаш рецепти за суфле на германски јазик.“ – Бојана, 26 години
rn
„Љубов е кога наместо вистински паркет ќе наредиш ламинат во станот само затоа што ИКЕА и Инстаграм ѝ рекле дека така треба.“ – Лука, 28 години
rn
„Љубов е кога ќе пронајдеш убавина во несовршена личност што премногу те нервира. Но, сакаш да го поминеш целиот живот со неа бидејќи вашите чувства се оние што всушност се совршени.“ – Драгана, 31 година
rn
„Љубов е кога знаеш сè за една личност, но секој ден, одново, едвај чекаш да дојдеш дома за да поминеш време во нејзино друштво.“ – Надја, 48 години
rnЉубовта е магична, но понекогаш гледаме низ „розови очила“ и не можеме да ја видиме целата слика. Прочитајте и што е љубов, а што не е!