КАФЕ ПАУЗА

За негувани врат и деколте: 3 природни начини да имате мазна кожа!

Сите знаеме дека вратот не може да ги сокрие годините, но најважно е кожата да биде негувана и сјајна. Одморот е вистинско време за носење маици и фустани што ги откриваат вратот и деколтето. Со годините кожата ги губи нејзиниот сјај и цврстина во сите делови. Ако сакате да се заштитите од ова, погледнете ги следните 3 начини со кои можете да го подобрите изгледот на кожата во оваа деликатна зона.rnrnrn

1. Масажа за зацврстување

rnМасажата ја прави кожата еластична и брчките стануваат помалку видливи. За масажа користете масло од ружа или бадемово масло. Тие имаат силно својство за подмладување. Нанесете на рацете и измешајте. Масирајте ја кожата на вратот со прсти правејќи мали кругови. Но, немојте да ја триете и да ја истегнувате кожата. Масирајте секоја вечер пред да нанесете крема. Масажата треба да трае најмалку 3 минути.rn

2. Маска за поубава кожа на деколтето

rnДејствува како инстант подигнување и трае неколку часа. Совршено е да ја направите пред да одите на забава.rn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 2-3 лажички зелен чај (ставете 1 кесичка чај во шолја со зовриена вода)
  • rn 011

  • 1 лажичка желатин
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnРастворете го желатинот во чајот. Морате постојано да мешате. Кога смесата ќе се излади нанесете ја на вратот и деколтето. После 30 минути измијте со млака вода.rn

3. Подобрување на циркулацијата

rnЛадниот мраз ја забрзува циркулацијата на крвта во кожата и брзо го подобрува нејзиниот тонус и боја.rnrnЗамотајте 4-5 коцки мраз во ткаенина и раздробете ги. Нанесете ја ткаенината на деколтето. После една минута тргнете ја крпата и исушете ја кожата. Ставете крема пред спиење.rnrnДознајте и кои знаци покажуваат дека кожата на вашето лице старее пребрзо.