КАФЕ ПАУЗА

5 природни начини полесно да се справите со тешкиот ПМС

Written by

in

,

Секоја жена имала барем еден период од нејзиниот живот во кој страдала од сериозен ПМС. За некои жени тој дури е и секојдневие. Но, не грижете се. Постојат неколку природни начини на кои можете да си го олесните овој дел од месецот и да бидете многу порелаксирани и посмирени. Еве како да го постигнете тоа…rnrn5 природни начини полесно да се справите со тешкиот ПМСrn

1. Чоколадото решава сè

rnЧоколадото е одговор за секој проблем. Тоа е клучот до сечие женско срце. Кога имате тежок ПМС, тогаш ова благо задоволство е најдобриот начин да се справите со него. Бидејќи чоколадото создава ендорфини, вие брзо ќе почнете да чувствувате пријатно чувство и среќа. Доколку ги прашате, голем број жени би ви рекле дека чоколадото е како лек за женската душа. Пробајте, нема да зажалите.rn

2. Направете филмски маратон

rnНе постои ништо поудобно од лежење во топол кревет со само една намера: филмски маратон. Не постои жена која не ужива додека ги гледа нејзиниот омилени ликови од малите екрани како се справуваат со секојдневните потешкотии кои животот им ги приредува. Без разлика дали станува збор за филм, или пак за ТВ серија или документарец, вие многу брзо ќе заборавите на вашиот ПМС и ќе го подобрите вашето расположение.rn

3. Направете пенлива бања

rnПретворете го вашиот тоалет во топол спа центар. Запалете свеќи со мирис на ванила, пуштете тивка амбиентална музика и наполнете ја кадата со топла вода и масло од лаванда. Ова масло е познато по своите моќи да лечи мигрени и да ја намали анксиозноста, па дури и да го намали високиот крвен притисок. Неверојатно, се согласувате? Но, тоа не е сè. Маслото од лаванда помага и при грчеви, умор и гадење – совршено за вашиот тежок ПМС.rn

4. Стоплете се со чај

rnЧајот од цимет е искуство кое може целосно да ви го промени животот. Циметот содржи состојки кои ги намалуваат симптомите на менструалните грчеви и може целосно да ви го намали вашиот ПМС. Можете сами да си направите чај од цимет така што ќе земете една лажичка цимет во прав или едно стапче цимет. Сместете го во шолја и додадете му зовриена вода. Мешајте добро околу 10 минути. Потоа додадете му кесичка чај и мешајте уште 2 до 3 минути. Можете да го засладите со мед или кафеав шеќер.rn

5. Секогаш имајте банани на дофат

rnБананите се богати со витамин Б6 и калиум, па токму затоа и можат многу да ви помогнат со тешкиот ПМС. Створете навика секојдневно да јадете по една банана. Бидете креативни и мешајте ги со јогурт, додадете ги во мусли или исечкајте ги како салата. Исто така можете да направите и вкусно смуди од банани и да го започнете денот со него.