КАФЕ ПАУЗА

5 природни чаеви за полесен сон

5 природни чаеви за полесен сон

Спиењето е клучно за функцијата на целиот организам бидејќи ги обновува и ги освежува умот и телото и ни овозможува да имаме повеќе енергија и да бидеме попродуктивни во текот на денот. Живееме со многу брзо темпо на живот, па не е изненадување што барем во некоја фаза од животот имаме проблеми со несоница. Природните техники можат трајно да ги поправат и да ги подобрат нашите навики, а во продолжение прочитајте неколку ефикасни решенија за подобар сон.rnrn5 природни чаеви за полесен сонrn

Чај од камилица

rnБлагодарение на многуте лековити состојки, како што се апигенин и бисаболол, често се меша со други билки (по можност маточина) за да се направи врвен пијалак за здрав сон.rn

Чај од лаванда

rnЛавандата има способност да ги намали вознемиреноста, стресот и постоперативната болка, а сите овие работи придонесуваат за појава на несоница. Лавандата го релаксира телото и мириса прекрасно.rn

Чај од маточина

rnМаточината има способност да го смири умот и да ја намали вознемиреноста. Освен тоа, има одличен вкус.rn

Ројбос чај

rnОвој чај содржи железо и магнезиум, а се верува дека овие минерали помагаат во борбата против несоницата.rn

Чај од валеријана

rnВалеријаната е едно од ретките растенија што всушност има седативни својства. За попријатен вкус, слободно додајте друга билка како нане или камилица. Чајот од нане е, исто така, еден од чаевите што имаат смирувачки ефект.rnrnПрочитајте зошто кафето наутро може да биде подобро од чајот.