КАФЕ ПАУЗА

5 причини зошто разговорот со непознати личности ќе го направи вашиот живот возбудлив

5 причини зошто разговорот со непознати личности ќе го направи вашиот живот возбудлив

Written by

in

,

Поради очигледните безбедносни причини, како мали нè учеле да не зборуваме со непознати личности. Но, постоењето на овој страв и откако ќе пораснете, може да доведе до одредени ограничувања на вашиот социјален живот. Доколку не разговарате со странци, како очекувате да запознаете нови луѓе? Како планирате да го проширите вашиот круг на пријатели?rnrn5 причини зошто разговорот со непознати личности ќе го направи вашиот живот возбудливrnrnОдговорот на ова прашање никако не смее да биде Фејсбук! Нашата генерација одлично покажа дека и не е толку тешко да се запознавате со луѓе онлајн. Но, работите се многу поразлични доколку тоа го направите на традиционалниот начин, лице в лице. Токму затоа погледнете што можете да добиете доколку почнете да разговарате со непознати личности…rn

1. Странците можат да станат нови пријатели

rnНовите пријатели се најочигледната мотивација за разговарање со странци. Доколку одлучите да бидете опкружени само со луѓето кои ги познавате, тогаш нема шанси да создадете нови врски, кои потоа можат да се развијат во пријателство. Можеби сте задоволни со пријателите кои веќе ги имате, но зошто да немате повеќе од нив?rnrnСите пријатели започнуваат како странци, па доколку сте нашле вредност во нив тогаш зошто би се лишеле од можноста да го видите овој потенцијал и во други луѓе? Сè што е потребно за да започнете со разговор е едноставен комплимент како на пример, „Ми се допаѓа тој фустан! Од каде го купи?“ или пак, „Тоа мириса прекрасно. Што порача?“rn

2. Странците можат да водат до нови пријателства

rnСе разбира дека не би се здружиле со сите личности кои ги среќавате, но никогаш не знаете во која насока би можел да ве одведе разговорот. Едноставното запознавање со странец ве води во една сосема нова мрежа исполнета со нови луѓе.rnrnМожеби ќе се најдете на забава каде што никаде не можете да ја најдете пријателката која ве поканила, па зошто да не ја искористите оваа можност да се претставите на нова група луѓе? Од каде знаете што би можело да се случи следно? Можеби тие ќе ве поканат на идни настани каде што ќе ги запознаете најдобрите луѓе кои некогаш сте ги виделе. Можеби дури ќе го запознаете и вашиот иден партнер. Кој знае?rn

3. Странците можат да ја променат вашата перспектива

rnВие можеби никогаш повеќе нема да ги видите овие луѓе на кои сте им пристапиле на железничката станица или пак, во маркетот, но тоа не значи дека интеракцијата со нив е безначајна.rnrnЛуѓето кои не се дел од нашиот живот имаат уникатна способност да ни покажат една сосема нова перспектива на светот, да нè променат со само неколку зборови или барем да нè натераат да се замислиме за одредени теми. Странците можат да ве инспирираат да пишувате, да ви дадат нови совети за среќа, како и да ве научат како да им пристапувате на луѓето.rn

4. Странците можат да овозможат забавна спонтана вечер

rnИма шанси вашиот обид за запознавање да не резултира со нови пријатели, но тоа не значи дека не можете да си поминете забавно во текот на вечерта. Новостите се секогаш возбудливи, а токму тоа може да ја направи вашата вечер уникатна и необична.rnrnКолку пати ви се случило додека сте на одмор да се забавувате со луѓе на кои сте им ги заборавиле имињата? Имате прекрасни сеќавања со нив, се согласувате? Тоа не може да се случи доколку постојано сте затворени помеѓу четири ѕида, опкружени со вашиот круг на добро познати пријатели.rn

5. Странците можат да бидат или ништо или сè во вашиот живот. Ваш избор е дали ќе откриете!

rnРазговорот со странците е исполнет со несигурност. Вие не можете да знаете како луѓето ќе реагираат на вас и вашите размислувања. Не знаете дали ќе ве прифатат топло или пак, нема да можат да ве разберат. Но, дури и доколку се пријателски настроени не можете да знаете дали има место за нив во вашиот живот.rnrnТокму затоа сè додека не го скршите мразот со едно мало „здраво“ нема да можете да откриете дали некоја посебна личност се крие во толпата непознати. Па, ајде што чекате? Истражувајте!