Пивото е едно од најпопуларните и најстарите пијалаци во светот. Тоа е природен и биолошки урамнотежен производ, па со право многумина го сметаат за течна храна. Енергетската вредност на еден литар стандардно пиво одговара на енергетската вредност на еден литар млеко. Многу луѓе ширум светот уживаат во неговиот вкус и мирис, но пивото, освен што ги поттикнува нашите сетила, има позитивно влијание и на физичкото здравје. Секако, под услов да се консумира умерено. Дознајте кои се петте позитивни ефекти на пивото врз нашиот организам.rnrn
rn
1. Го намалува ризикот од појава на болести на срцето
rnИстражувањата покажуваат дека умерената консумација на пиво го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести. Причината за тоа лежи во моќта на пивото да го зголеми нивото на добриот холестерол, со што се намалува можноста за задебелување на артериите и згрутчување на крвта, што може да доведе до срцев удар.rn
2. Пивото е богато со витаминот Б6
rnЛуѓето кои пијат пиво имаат за 30 проценти поголемо количество на Б6 во крвта од оние кои не го пијат овој пијалак. Исто така, обожавателите на пивото, во споредба со оние кои пијат црвено вино, имаат двојно повеќе витамин Б6 во организмот.rn
3. Пивото го спречува создавањето на камења во бубрезите
rnЉубителите на пивото имаат за 40 проценти помалку шанси да добијат камења во бубрезите од оние кои не пијат пиво. Истражувањата не можат да потврдат која состојка е заслужна за тоа, но секако, резултатот е импресивен.rn
4. Им помага на жените поубаво да стареат
rnДокажано е дека умерената консумација на алкохол помага во зачувувањето на густината на коските и на менталната способност кај повозрасните жени. Но, тоа не е сè. Флаваноидите во хмељот, главната состојка на пивото, имаат слични својства како естрогенот, па можат да послужат како природен надомест на хормоните кај жените во менопауза.rn
5. Ја спречува појавата на рак
rnХмељот содржи и ксантохумол, состојка која уништува одредени ензими во организмот кои можат да предизвикаат појава на рак и му помага на телото во борбата против појава на оваа болест.