КАФЕ ПАУЗА

5 причини зошто да јадете пуканки

5 причини зошто да јадете пуканки

Многу собиранки, забави, гледање филмови не можат да се замислат без пуканки. Иако многумина чувствуваат грижа на совест кога ги јадат, всушност пуканките се одличен додаток во вашата исхрана.rnrn5 причини зошто да јадете пуканкиrnrnНутриционистите често не ги препорачуваат пуканките поради големото количество сол и путер кои се употребуваат за нивното подготвување. Но, доколку тие се подготвуваат со маслиново масло и со помала количина сол, можат да претставуваат многу важен дел од вашиот здрав начин на исхрана. Ова се неколку дополнителни причини зошто е корисно да консумирате пуканки.rn

1. Имаат антиоксидантно  дејство

rnНајважните активни состојки во пуканките се полифенолите, соединенија кои ги штитат крвните садови.rn

2. Богати со растителни влакна

rnЖитните зрна се богат извор на растителни влакна, а бидејќи пуканките се добиваат од зрна од пченка, при нивното приготвување не се губи од нивната хранлива вредност. Според истражувањата препорачливо е да се внесуваат 20 до 35 грама растителни влакна дневно, а 100 грама пуканки содржат 15 грама растителни влакна.rnrn5 причини зошто да јадете пуканкиrn

3. Не содржат многу калории

rnНезачинетите пуканки имаат многу ниска калорична вредност. Но бројот на калории во пуканките, зависи од начинот на нивното подготвување, па така вие одлучувате колку калорични тие ќе бидат.  Така, во една порција пуканки приготвени во маслиново масло и без додавање на путер, има околу 90 калории, но доколку не внимавате на овие работи, нивото на калории може да се искачи и до 300.rn

4. Не содржат шеќер

rnТокму поради отсуството на шеќер, тие се идеални како грицки. Кексите, чоколадите и останатите слатки, моментално ви го покачуваат нивото на енергија, но набрзо и го спуштаат, поради што би требало да се избегнуваат во ситуации кога сакате накратко да го „залажете“ желудникот.rnrn5 причини зошто да јадете пуканкиrn

5. Го впиваат пивото

rnТаа способност сунѓерестите топчиња ја имаат поради високиот степен на влакна во нивната структура. Освен што се одлично надополнување на овој пенлив пијалак, пуканките го смалуваат негативното влијание на алкохолот врз системот на варење.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.