КАФЕ ПАУЗА

5 прехранбени продукти што ќе го подобрат вашето, но и здравјето на вашето куче

5 прехранбени продукти што ќе го подобрат вашето, но и здравјето на вашето куче

Written by

in

,

Многу видови човечка храна се штетни за вашето милениче. Но, постојат некои продукти кои се одлични и за вас и за вашето куче. Додавањето на овие продукти во исхраната на кучето ќе му ги овозможи сите хранливи материи што му се потребни. Не само што ќе го израдувате со новиот вкус, туку ќе се подобри неговата кожа, имунитет, дигестија…rnrn5 прехранбени продукти што ќе го подобрат вашето, но и здравјето на вашето кучеrnrnЗа овие продукти не ви е потребно никакво дополнително приготвување, што значи ќе заштедите многу време. Исто така можете да проверите и во која храна за кучиња ги има овие состојки доколку не можете да ги набавите свежи.rnrnСекогаш кога планирате да ја менувате исхраната на кучето или да вметнете нешто ново, најдобро е да се консултирате со ветеринар. На овој начин ќе знаете дали промената е целосно безбедна за вашето милениче.rn

1. Масло од лосос

rn5 прехранбени продукти што ќе го подобрат вашето, но и здравјето на вашето кучеrnrnМожеби веќе знаете дека маслото од лосос може да ја направи вашата коса прекрасна. Но истовремено лососот може да ја подобри и состојбата на крзното на вашето куче. Овој вид риба е богат со омега 3 масни киселини кои го подобруваат здравјето на кожата, крзното и целокупното здравје.rn

2. Брусница

rn5 прехранбени продукти што ќе го подобрат вашето, но и здравјето на вашето кучеrnrnБрусниците се одлични за здравјето на вашето куче. Тие имаат антиоксиданси и антивоспалителни својства, а истовремено го одржуваат здравјето на уринарниот систем.rn

3. Боровинка

rn5 прехранбени продукти што ќе го подобрат вашето, но и здравјето на вашето кучеrnrnПознато е дека боровинките се како суперхрана за луѓето бидејќи се богати со витамини А, Ц, Е и К, а полни се и со антиоксиданси. Поради ова тие се одлична ужина за вашето милениче и ќе го подобрат здравјето на неговите зглобови и коски.rn

4. Екстракт од корен од цикорија

rn5 прехранбени продукти што ќе го подобрат вашето, но и здравјето на вашето кучеrnrnЗа разлика од познатата суперхрана, како на пример боровинките, коренот од цикорија е нешто што ќе го најдете само доколку го барате. Ова растение е богато со манган што може да направи чуда за здравјето на мозокот. Кога станува збор за здравјето на вашето куче, може да ја подобри апсорпцијата на хранливите материи и да воспостави рамнотежа во бактериите во неговиот стомак благодарение на пробиотиците.rn

5. Зелени школки од Нов Зеланд

rn5 прехранбени продукти што ќе го подобрат вашето, но и здравјето на вашето кучеrnrnОвие школки имаат омега 3 масни киселини и антивоспалителни својства. Покрај тоа, тие се природен извор на глукозамин, хондроитин и лизин – состојки што се одлични за зглобовите на кучето. Колку „поподмачкани“ се неговите зглобови, толку повеќе ќе може да трча.rnrnПогледнете ги и правилата со кои можете да му го продолжите животот на вашето куче.