Останаа нешто повеќе од три месеци до почетокот на 2021 година, многумина со нетрпение очекуваат да ја остават зад себе 2020 година, а сите се љубопитни кога станува збор за трендовите што ќе преовладуваат во текот на следната година.rnrn
rnrnАмериканската компанија за бои „Шервин-Вилијамс“ објави која боја ќе биде голем хит во 2021 година при уредување на ентериерот и на екстериерот.rnrnВо годината што доаѓа, ќе преовладува топлата, темна боја богата со сиви поттонови, што во „Шервин-Вилијамс“ ја нарекуваат „урбана бронза“. Оваа боја ќе ве опушти и ќе ви овозможи да се чувствувате удобно.rnrn
rnrnОваа неутрална боја ќе изгледа најдобро ако ја комбинирате со други топли неутрални тонови, како што се посветли нијанси на сива или малку зелена боја. Исто така, таа се комбинира со природни материјали како дрво, ткаен текстил и метал.rnrn
rnrnЗа почеток, секогаш можете да започнете со ѕидовите, односно да бојадисате еден ѕид во богата темносива нијанса што ќе го направи домот место каде што ќе можете да го најдете вашиот мир во секое време.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујна.
Бојата што ќе биде хит во 2021 година лесно се вклопува во секој простор
