Тие не се само слатки и презгодни, туку се и едни од најпознатите манекени во светски познатите кампањи за долна облека. Затоа и можете да ги забележете на многу фотографии од светските брендови како што се Келвин Клајн или Армани. Сигурни сме дека нема да можете да одолеете на нивните фотографии на Инстаграм. Ова се најсексапилните фитнес модели на Инстаграм.rnrn
rn
1. Френки Самарата
rnМанекенот кој досега ги красеше насловните страници на магазинот „Вог“ и има само 21 година е токму овој неодолив Американец од Округот Оринџ. Неговиот Инстаграм профил е преплавен со негови секси фотографии, па ние сме сигурни дека нема воопшто да зажалите ако започнете да го следите уште денес.rnrn
rn
2. Алесио Поци
rnАлесио Поци се наоѓа на листата на најбарани машки модели, а досега имавме прилика да го видиме во кампањите на водечките италијански брендови – Рикардо Тиши, Долче & Габана и Версачи. За 20 години, тој има сè, а највпечатлив е неговиот италијански шарм со кој просто зрачи.rnrn
rn
3. Томас Сколудик
rnМомчето кое има скоро 30 години, досега ги красеше кампањите на брендовите Армани и Долче & Габана, а моментално живее во Лос Анџелес. Затоа не е чудно што неговите фотографии на Инстаграм се главно полуголи, а тој самиот е миленик на 40.000 следбеници од кои со сигурност 99% се девојки.rnrn
rn
4. Тобијас Соренсен
rnОвој неверојатно сексапилен фраер, најверојатно поголемиот дел од вас го познава од рекламите за долна облека на брендот Келвин Клајн, но и од рекламите на Долче & Габана. Како и нема да го познавате кога овој манекен е еден од најбараните модели на денешницата! Но за жал, мораме да ве разочараме, бидејќи Тоби има девојка, и тоа каква девојка – Ангелот на Викторија Сикрет, Џасмин Тукис. Знаеме, знаеме, потполно е неодолив.rnrn
rn
5. Ксавијер Серано
rnКсавијер Серано живее живот на релација Милано – Сицилија, од каде што и потекнува, токму поради тоа што е еден од главните адути на модното дуо Долче & Габана. Доколку не знаете за кое момче станува збор, сè ќе ви се разјасни во оној момент кога ќе ги погледнете неговите фотографии, бидејќи овој сексапилен Италијанец дефинитивно е еден од фраерите кој ќе ви го разубави денот секојпат кога ќе го погледнете неговиот Инстаграм профил.rnrn

