КАФЕ ПАУЗА

5 парчиња облека што ќе направат вашата половина да изгледа послабо

Тенката половина е можеби најпривлечната карактеристика кај жените, но за жал ја немаат сите. Сепак, постојат неколку стилски трикови што ќе ви помогнат вашата половина да изгледа послабо.rn

1. Панталони со риги

rn5 парчиња облека што ќе направат вашата половина да изгледа послабоrnrnЕден од најстарите и најчесто користените трикови за послаба фигура е создавањето илузија за поголема висина. Додека хоризонталните линии ќе ве направат пониски и визуелно подебели, вертикалните линии на панталоните го имаат спротивниот ефект. Вашите нозе ќе изгледаат подолги, а вашата половина послаба.rn

2. Фустан со колан

rn5 парчиња облека што ќе направат вашата половина да изгледа послабоrnrnИ ова е навистина познат трик – доколку сакате да ги нагласите или визуелно да ги намалите стомакот и половината, ставете колан. Само внимавајте коланот да не биде премногу воочлив. Подобро е да одберете подискретен.rn

3. Облека со висок струк

rn5 парчиња облека што ќе направат вашата половина да изгледа послабоrnrnПокрај тоа што овие парчиња ќе ви ги издолжат нозете, тие ќе направат вашата половина да изгледа послабо. Панталоните или здолништата со висок струк ја нагласуваат половината и прават вашето тело да изгледа поубаво.rn

4. Струкирани блејзери

rn5 парчиња облека што ќе направат вашата половина да изгледа послабоrnrnОва модно парче треба да ја следи вашата линија на телото. На тој начин ќе создадете илузија на послаба фигура, особено ако блејзерот е струкиран или ако се закопчува околу половината.rn

5. Молив здолниште

rn5 парчиња облека што ќе направат вашата половина да изгледа послабоrnrnОва се здолништа со средна должина до под колена и не само што ќе ја нагласат вашата половина, туку ќе го нагласат и вашиот задник. Овие здолништа се елегантни, оставаат заводнички впечаток и никогаш нема да погрешите со нив.rnrnПогледнете ги и овие парчиња облека што ќе направат да изгледате послабо.