КАФЕ ПАУЗА

5 особини на супер шеф

5 особини на супер шеф

Written by

in

,

Супер шеф е оној кој го посакуваат сите вработени. Тој не е извонреден само на хартија, туку своите постапки и дела директно ги покажува на терен. Вработените не се единствени кои имаат придобивки од ваков шеф. Со неговите постапки, целата работа и севкупниот бизнис можат да тргнат во нагорна линија и сите да бидат задоволни.rnrn5 особини на супер шефДоколку сакате да се издвоите и да станете супер шеф, раководете се од следниве правила:rn

1. Тоа е шеф кој придонесува за развитокот на секој вработен

rnОбично, шефовите се фокусирани на исполнување на зацртаните цели, постигнување резултати и остварување на конкретни идеи. Но, одличните шефови се тие кои се поставуваат пред своите цели, заземајќи ја улогата на лидер. Тие се свесни дека без успешни и квалификувани работници, работните резултати ќе бидат осудени на пропаст. Затоа, овие шефови наместо да се грижат за секојдневното работење на работникот, се фокусираат на самиот работник како да го направат попродуктивен. Организираат обуки, разни тренинзи и успешно го трансформираат целиот досаден процес на работа во нешто многу позначајно за самите работници – прогрес, напредување и лично усовршување.rnrn5 особини на супер шефrn

2. Се соочува со проблемите веднаш

rnОдличниот шеф никогаш не ги игнорира проблемите на своите вработени. Веднаш се соочува со нив и се обидува да ги реши. Колку некој проблем да изгледа мал, никогаш не се знае кога тој може да прерасне во голем. Доколку шефот ги игнорира проблемите на своите вработени, се соочува да ја изгуби стекнатата почит. Без својот углед, ја губи и улогата на водач.rn

3. Го спасува најлошиот работник

rnСкоро во секој бизнис постои работник кој едноставно не може да се снајде лесно во работата и да ги следи своите колеги. Тимот го гледа како слаба личност без која подобро би функционирал. Во овој случај, шефот е тој што треба да истапи и да му помогне на колегата. Супер шефот ќе покаже доверба и ќе го увери колегата дека тој ќе го следи секој негов чекор за да му помогне да ја надминат тешкотијата. Не очајувајте доколку трудот не покаже резултати. Доволно е тоа што сте се обиделе. Но, во случај работникот да ја надмине тешкотијата, тогаш сте промениле нечиј живот.rnrn5 особини на супер шефrn

4. Им служи на другите

rnДоколку сакате да станете извонреден шеф, секогаш поставувајте ги своите вработени пред себе. Со своите постапки покажете дека вие сте оние кои се секогаш помалку важни. Никогаш не кажувајте им на своите вработени да работат нешто што вие сами не би го сториле. Кога тимот победува, и бизнисот е успешен. Вработените се оние на кои треба да им честитате за постигнатиот успех.rn

5. Никогаш не заборава од каде доаѓа

rnИако водите успешен бизнис и сте шеф на голема компанија, не заборавајте дека секогаш треба да имате време за сите свои вработени. Тие ве гледаат како свој надреден, личност од која можат многу да научат. Со тоа што ќе одвоите неколку минути да поразговарате со работникот, можете да ја смените неговата личност – да го инспирирате, да му влеете самодоверба, да го мотивирате. Дури, можете да му влеете надеж за големи работи во неговиот живот.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.