Нашето тело е еден совршен механизам во кој се одвиваат многу работи истовремено. Понекогаш телото ни дава знаци дека му е потребна помош, кои ако ги игнорираме може да доведат до некои здравствени проблеми. Погледнете некои од тие знаци, и што можете да направите во врска со нив.rn
1. Несоница, раздразливост и грчеви во нозете
rn
rnrnАко ги имате овие симптоми, на вашето тело му недостасуваат магнезиум и калиум. За да ги надополните овие витални елементи, додајте домати, портокали, банани и спанаќ во исхраната.rn
2. Сува кожа
rn
rnrnСувата кожа може да биде знак за недостаток на витаминот Е. Затоа треба да јадете повеќе зеленчук, масло, јаткасти плодови и риба.rn
3. Желба за благо
rn
rnrnАко наеднаш ви се појави желба за нешто благо, причината може да биде стрес, депресија или замор. Вашето тело има потреба од гликоза. За да избегнете здебелување, најдобро е да се почестите со темно чоколадо или мед.rn
4. Желба за јадење мраз
rn
rnrnАко сакате да јадете мраз, можно е да имате анемија – недостаток на железо. Најдобри извори на железо се јајцата, школките и говедското месо. Сепак, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар доколку имате желба за мраз и се чувствувате изморено.rn
5. Крвавење на непцата
rn
rnrnНенадејно или постојано крвавење на непцата додека ги миете забите може да биде знак за недостаток на витаминот Ц. Во вашата исхрана вклучете цитрусни овошја, спанаќ, зелени и црвени пиперки, домати, зелка, карфиол и броколи.rn
6. Кршливи нокти и коса
rn
rnrnСо ова вашето тело ви кажува дека му недостига витаминот Б. Пијте повеќе млеко и јадете повеќе печурки.rn
7. Кругови околу ирисот
rn
rnrnОвие кругови се појавуваат кај луѓето постари од 50 години, и тоа е нормално. Но, ако се појават кај помлада личност ова може да биде знак за висок холестерол. За тоа најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.rnrnПогледнете и кои се секојдневните навики кои го уништуваат вашето здравје.