КАФЕ ПАУЗА

5 одлични примени на лимонот како замена за продуктите за нега на кожата и косата

5 одлични начини на кои можете да го користите лимонот како замена за продуктите за нега на кожата и косата

Лимоните долго време се употребувале за нега на кожата и косата. Состојките од кои се составени делуваат ефикасно за прочистување на порите и отстранување на маснотиите, нечистотиите, мртвите клетки од кожата како и за намалување на црвенилото. Како природен извор на витамин Ц, лимоните исто така се употребуваат и за изедначување на тенот на кожата како и за намалување на точките кои укажуваат на стареење. Кога станува збор за косата, состојките во лимонот одлично ја прочистуваат и вашата коса и вашиот скалп и го намалуваат првутот.rnrn5 одлични примени на лимонот како замена за продуктите за нега на кожата и косатаrnrnНо, пред да почнете со употреба на кој било од овие домашно подготвени продукти за убавина, прво тестирајте ги на внатрешноста од вашата рака со цел да дознаете дали вашата кожа е осетлива на некоја од состојките.rn

1. Длабинско чистење на кожата

rnКомбинирајте го сокот од 1/2 лимон со 1 супена лажица квалитетно маслиново масло во сад и измешајте ги добро со помош на виљушка. Додадете една супена лажица мед и мешајте сѐ додека не добиете средна густина, а потоа додадете 100 грама шеќер. Количината на медот и маслиновото масло може да варира во однос на тоа дали сакате да направите крема за лице која е погуста или потечна.rn

2. Маска за освежување на лицето

rnКомбинирајте 2 супени лажици природен јогурт со 1 супена лажица свежо исцеден лимон и добро промешајте. Додајте ја маската на вашето чисто лице и врат, избегнувајќи го пределот околу очите. Оставете ја да се исуши околу 20-30 минути за да почувствувате затегнување на лицето и вратот кои создаваат ефект на подигнување на кожата. Доколку сакате да го зголемите ефектот, можете да ја оставите на вашето лице и до 1 час по нанесувањето. Исплакнете прво со топла, а потоа со студена вода и нежно измасирајте го вашето лице пред да нанесете крема за хидратација.rn

3. Хидратација и чистење на косата

rnКомбинирајте 170 милилитри маслиново масло со 120 милилитри свеж мед и додадете 3 супени лажици од свежо исцеден сок од лимон. Откако ќе завршите со миењето на вашата коса со шампон, исплакнете и нанесете ја оваа мешавина од вашиот скалп кон врвовите на косата. Соберете ја косата во капа која топли или во пластична капа и оставете ја 30 минути. Исплакнете.rn

4. Заборавете на мрсната коса

rnДоколку имате мрсна коса, измешајте 60 милилитри лимонов сок со 120 милилитри вода и по секое бањање, плакнете ја косата со оваа мешавина. Таа ќе ѝ помогне вашата коса да изгледа посветло и поздраво.rn

5. Третман против првут

rnИзмешајте во еден сад 120 милилитри лимонов сок со 60 милилитри кокосово масло и потоа измасирајте го вашиот скалп. Оставете да делува 15 минути и потоа измијте ја вашата коса со шампон и регенератор.