Ние сме програмирани да се држиме до нештата што ги сакаме. Ова отсекогаш било така и најверојатно секогаш ќе биде. И колку повеќе имаме, толку повеќе се плашиме од губење. Колку повеќе ќе постигнеме, толку повнимателни сме кога станува збор за ризикување на сите овие достигнувања.rnrn
rnrnНие не сакаме да ги изгубиме добрите нешта во нашиот живот и веруваме дека нашиот раст е постојано линеарен – една добра одлука води кон следната добра одлука, лесно и природно. Но, вистината е дека животот не секогаш функционира на тој начин.rnrnНашето растење е сè освен правопропорционално. Повеќето чекори кон напред се направени откако ќе зачекориме наназад. И без разлика на тоа што е скоро универзален закон да се држиме до нештата што ги сакаме, сепак, понекогаш, мора да изгубиме нешто добро за да пораснеме и продолжиме кон напред.rnrnНие не можеме да стигнеме до следната фаза од нашиот живот носејќи сè што имаме со нас. Ние не можеме да останеме безбедни и сигурни, додека истовремено растеме во поголема и похрабра верзија од нас. Вистината е дека неудобноста не е само несакана последица од растот, туку неопходност за него.rnrnБез неудобност, ние немаме мотивација да го смениме нашиот живот. Без лишување, ние нема да создадеме потреба. И без разлика на тоа колку многу сакаме да останеме сигурни во нашето растење, тоа не е возможност.rnrnРастењето излегува од борбата. Промената се раѓа од незадоволството. И понекогаш, со цел да ги пречекаме добрите нешта во животот, ние треба да се ослободиме од други добри нешта што го окупираат нивниот простор. Ние треба да се ослободиме од работата што само ни се допаѓа, со цел да најдеме работа што ќе ја обожаваме.rnrnМора да се ослободиме од врските во кои ни е навистина удобно, со цел да ги најдеме оние кои ќе нè предизвикуваат и ќе нè менуваат. Ние мора да се ослободиме од сигурноста за да најдеме нови можности. И мора да се ослободиме од гордоста за да најдеме исполнетост.rnrnСо цел да најдеме големи нешта во нашиот живот, нешта коишто се способни да ни покажат кои сме навистина, која е нашата суштина, ние мора прво да бидеме согласни да се испразниме. Ние мора да бидеме подготвени да ја спуштиме нашата одбрана, да ја отфрлиме гордоста и да го прифатиме фактот дека тоа што доаѓа може да не биде удобно, но дека дефинитивно ќе вреди.rnrnПогледнете ги и овие 5 здрави начини да бидете себични без да чувствувате вина.
Треба да изгубите нешто добро во вашиот живот за да пораснете
