Доаѓа лето, дали веќе имате план кои фестивали и концерти ќе ги посетите во и надвор од земјава? Како што наближува сезоната за настани на отворено, ви нудиме 5 супер комбинации за такви пригоди.rnrn
rn
1. Хипи девојка
rnЦветните корсети и летните концерти се како создадени едни за други. Искомбинирајте цветен корсет со фармерски кратки пантолончиња со висок струк и лесна наметка за да ве штити од вечерниот ветар. Комбинацијата завршете ја со ниски отворени сандали, ранец и ленти за коса во хипи стил.rnrn
rn
2. Макси фустан и цветна круна за женствен и впечатлив изглед
rnОваа комбинација е совршена за девојките кои сакаат да бидат женствени без оглед на каков настан присуствуваат. За повпечатлив изглед одберете макси фустан кој одлично оди во комбинација со цветни аксесоари за коса како впечатлива цветна круна. Дополнете го изгледот со сандали на полна плута и еднобојна торба за преку рамо.rnrn
rn
3. Кул девојка
rnОвој изглед е за смелите девојки кои можат да носат кич парче облека или аксесоар и пак да изгледаат кул. Одберете ги најлудите хеланки кои ги имате, за оваа пригода одлични се флуоресцентните, и искомбинирајте ги со смела маичка со натпис и спортски обувки. За крај, одберете впечатлива капа и шарена торбичка за околу половина.rnrn
rn
4. Ретро рок ѕвезда
rnИскомбинирајте секси кратки пантолончиња, маичка со рок натпис и старки. Завршете го изгледот со чанта во индијански стил и марама за коса.rnrn
rn
5. Индијана Џонс стил
rnФустан со цветен дизајн и тексас елек се совршена комбинација која може да ја надополните со плетен шешир, ранец и рамни сандали.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.