5 нешта кои со сигурност ќе ви се случат доколку заборавате да пиете вода

Сподели

Сите зборуваат дека секојдневно би требало да се пие околу 8 чаши обична негазирана вода, но ретко кој знае што се случува со неговото тело доколку не го прави тоа. Погледнете ги следниве застрашувачки начини на кои дехидрацијата може да влијае врз вас и вашето тело…

Реклама

rn

1. Лоша концентрација

rnЕдна студија од 2011 година која била спроведена од Институтот за психијатрија во Лондон покажала дека намаленото внесување вода во организмот влијае врз сивите клетки во мозокот кои се користат при решавање одредени задачи. Жедните испитаници морале повеќе да се потрудат за да ги решат овие задачи, за разлика од оние кои имале испиено доволна количина вода.rn

2. Бавно согорување калории

rnЕдна независна студија од 2010 година, која била спроведена од страна на докторот Хауард Мурад за неговата книга „The Water Secret“, ја покажала поврзаноста помеѓу брзината на метаболизмот и количината на испиена вода. Калориите исто така побрзо се согорувале кога телото било повеќе хидрирано. Докторот открил и дека водата го спречува појавувањето на брчките и го намалува бледилото на кожата на лицето.rn

3. Поголем апетит

rnЛуѓето кои пијат 2 чаши вода пред секој оброк, јадат од 75 до 90 калории помалку од оние кои не пијат вода. До овие резултати стигнале истражувачите од Американскиот институт за јавно здравје и истражување на водата кои ја спровеле оваа студија во 2010 година на полнолетни испитаници. Оние кои пиеле вода пред оброците изгубиле околу 3 килограми во текот на 3-месечното испитување.rn

4. Лошо расположение

rnГрупа истражувачи во 2009 година замолиле веслачи од двата пола да се препуштат на енергично, но едноставно вежбање аеробик со внесување мало количество вода за време на тренинзите. Онаа група која внесувала малку вода во својот организам чувствувала класични симптоми на дехидрација како умор и лесно губење свест, додека истражувачите кај нив забележале и појава на чувства на лутина, депресија и напнатост.rn

5. Поголема изложеност на болести

rnДехидрацијата во телото ја намалува функционалноста на одредени органи, а со тоа влијае и врз целокупниот организам, па токму затоа воопшто не е чудно што намаленото количество вода се поврзува и со разболувањето. Оние кои пијат малку вода, брзо ќе забележат дека почесто развиваат проблеми со уринарниот тракт и бубрезите за разлика од оние кои пијат соодветна количина вода.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира