Без разлика дали ви е грижа за неа или тоа е само попатен секс додека не се појави нешто подобро, ако сте добро воспитан маж никогаш немојте да ги правите овие пет нешта бидејќи така само ќе ги повредите нејзините чувства.rnrnВистинските зборови во вистинското време можат да направат чуда за вашата врска. Погрешниот збор пак, може да… сигурно веќе знаете и сами. Ова се нештата кои ниедна жена не сака да ги чуе после секс.rnrn
rn
1. „Ова беше изненадувачки добро.“
rnДури и да било така, жените не сакаат да знаат дека сте очекувале да биде полошо. Ако веќе сакате да го искоментирате сексот, ова е вистинскиот начин: „Колку и да мислев дека ова ќе биде добро, испадна многу подобро отколку што очекував“.rn
2. „Опадната ти е кондицијата?“
rnЗа жените во превод ова значи: „Ти си тромава и дебела“, а знаете дека ниедна жена не сака да го чуе тоа, особено не после секс.rn
3. „Аха, сакаше да останам?“
rnКога веќе ги облекувате пантолоните и се спремате да збришете дома додека таа сѐ уште лежи во кревет, тогаш да, сигурно сака да останете.rn
4. „Морам рано да станам утре.“
rnУште еден грозен начин да ѝ соопштите дека сакате да спиете сами. Дури и ако го имате најлошиот ден на работа, немојте да ѝ давате до знаење дека не го сакате нејзиното друштво – тоа ќе го сфати лично.rn
5. „Фала за ова.“
rnОва звучи како услуга или професионална трансакција, а жената сака да види дека мажот е среќен после сексот со неа. Ако само се заблагодарите и заминете без да се обидете да ја бакнете, тогаш сигурно ќе ја повредите и таа ќе мисли дека нешто згрешила.rn