КАФЕ ПАУЗА

5 непријатни работи што ќе ви се случат ако не го менувате бричот редовно

Written by

in

,

Како да знаете кога е време да го замените вашиот брич? Кога сечилото станува премногу тапо за да ги отстрани вашите влакна? Според експертите, правилно е да го менувате бричот на секои 3 до 7 употреби. Ова зависи од повеќе фактори. Според  дерматолозите, ако користите брич со едно сечило, или пак го употребувате за поголема површина, тогаш треба да го менувате почесто.rnrn5 непријатни работи што ќе ви се случат ако не го промените својот бричrnrnОбрнете внимание на бричењето и жилетот. Ако согледувате дека бричот не се лизга лесно по површината, очигледно е дека треба наскоро да го замените. Доколку забележувате ‘рѓа, тогаш воопшто не треба ниту да се мислите, туку веднаш треба да го фрлите. Иако можеби сакате да го сочувате вашиот брич и да го користите подолго, сепак, неговата замена е неопходна за вашето здравје.rn

1. На вашиот брич има премногу влакна

rnКолку повеќе го чувате вашиот стар брич, толку повеќе бактерии, мртви клетки од кожата, крема или пена за бричење, како и влакна ќе се насоберат таму. Истото важи двојно повеќе ако не го миете добро помеѓу потезите.rn

2. Лошо ќе се избричете

rnКој сака да поминува повеќе време во бричење? Најверојатно ќе ви се случи ова ако навремено не го замените вашиот стар брич, па со негова употреба ќе ви биде потребно повеќе време и напор, затоа што ќе треба неколку пати да поминете во истата област.rn

3. Можете да предизвикате воспаление на вашата кожа

rnВлечењето на тапото сечило по вашата кожа може да предизвика воспаление. Иако тоа е привремено, сепак е болно и досадно. Во некои случаи пак е прилично тешко и предизвикува болка и лузни.rnrn5 непријатни работи што ќе ви се случат ако не го промените својот бричrn

4. Поголема е веројатноста да се исечете

rnПовторувањето повеќе пати на една област не само што ја зголемува веројатноста за иритација на кожата, туку исто така со секој потег вие се изложувате на поголема веројатност за да се исечете.rn

5. Го зголемувате ризикот од инфекции

rnСтар жилет и иритирана кожа е опасна комбинација и само затоа што не ги гледате раните на вашата кожа, не значи дека тие не постојат. Со стариот брич вие го зголемувате ризикот од инфекција и вируси. Некои истражувачи пак сметаат дека честото бричење на вашите гениталии може да го зголеми ризикот од заразување со ХПВ и херпес од инфициран партнер, благодарение на отворените рани и иритацијата.