КАФЕ ПАУЗА

5 начини на кои вашата ќерка ве прави подобар човек

Written by

in

,

Откако новиот член ќе пристигне во семејството, животот никогаш повеќе нема да биде ист. Тогаш родителите се соочуваат со нови искуства, промени во нивните навики и многу убави моменти. Децата влијаат на тоа родителите да станат поодговорни, поразумни и подобри личности. Што се однесува до поврзаноста на ќерката и таткото, во продолжение погледнете на кои начини таа прави нејзиниот татко да стане подобар човек.rnrn5 начини на кои вашата ќерка ве прави подобар човекrn

1. Да се држите до она што е исправно

rnЖивотот е полн со избори кои пак се основа за вашата иднина. Секој човек живее со она што е резултат на неговите претходни насочувања. Што се однесува до ќерката, таа ве инспирира да станете подобар човек, да правите правилни избори, да бидете силни и да се однесувате заштитнички.rn

2. Да го правите она што е правилно

rn

„Да знаеш, а да не го направиш тоа, е исто како сѐ уште да не знаеш.“ – Роџер Ј. Хамилтон

rnЛесно е да му кажете некому што е правилно да направи, но многу потешко е навистина да ја направите вистинската работа. Ќерката може да го инспирира нејзиниот татко да ги прави вистинските работи, па секогаш кога тој ќе се најде во искушение да направи некоја погрешна постапка, кога ќе помисли на неа, ќе се откаже од таа идеја. Фактот што таа го гледа нејзиниот татко како нејзина сигурност, е доволна мотивација за тој да ги прави правилните чекори во животот.rn

3. Да бидете бестрашни

rn

„Не е прашањето кој ќе ми дозволи, туку кој ќе ме запре.“ – Ејн Ренд

rnЌерката може да ве направи бестрашни. Кога таа е покрај вас, вие нема повеќе да се фокусирате на она што другите го мислат за вас, туку ќе размислувате да се искачите едно скалило повисоко, а тоа бара повеќе храброст. Кога ќе се одлучите да напредувате, со цел да им донесете среќа, стабилност и сигурност на вашите најблиски, луѓето може да ви завидуваат и да се обидуваат да ги срушат вашите соништа, но тоа се моменти кога вие учите да го победувате стравот, а многу од силата извира токму од вашата ќерка.rnrn5 начини на кои вашата ќерка ве прави подобар човекrn

4. Ве поттикнува да бидете физички и ментално посилни

rnБез разлика каков стил на живот сте имале пред раѓањето на вашата ќерка, таа со сигурност ќе направи промени во вашите физички и ментални способности. Кога знаете дека покрај себе имате мало и невино суштество кое треба да го заштитувате, чувате, негувате и учите, вие ќе бидете помотивирани да го одржувате своето здравје, но и ментално да се усовршувате.rn

5. Да ја сакате вашата сопруга

rnВашата ќерка може да ве научи подобро да се грижите, да ја сакате и да ја почитувате вашата сопруга. Без разлика какви моменти сте доживеале заедно во минатото, времето може да ги излечи раните и да направи да сфатите дека вашата сопруга е најубавата и најдобрата личност што ја познавате.rnrnВашата ќерка ќе порасне и повеќе нема да биде во вашиот скут, но таа секогаш ќе остане во вашето срце. Дури и откако ќе порасне, не заборавајте дека вие сте нејзина инспирација и мотивација, исто како што ви е и таа вам!