КАФЕ ПАУЗА

5 начини да се справите со несигурноста во новата врска

Доколку само што сте почнале да се состанувате со некоја личност и после одреден период забележите дека тој или таа се однесува поинаку и почудно, сигурно ќе се вознемирите и ќе се грижите за тоа дали сѐ уште е заинтересиран/а за вас. Што е најдобро да направите кога ќе се соочите со оваа непријатна ситуација? Најпрво, обидете се да размислувате подлабоко пред да дејствувате. Вашиот партнер не ве познава доволно, па доколку реагирате несоодветно, може да помисли дека сте личност којашто има постојана потреба од докажување на љубовта, што не е добар знак. Уште една работа што не треба да ја практикувате е да го/ја демнете на социјалните мрежи, барајќи некој доказ дали во неговиот живот постои друга личност. Сѐ што треба е да останете смирени и да ги прочитате овие 5 совети коишто ќе ви помогнат да бидете потолерантни.rnrnrn

1. Признајте си дека работите не се во најдобар ред

rnТрудете се постојано да бидете подготвени да се справите со нејасностите во врската, повеќе отколку што тоа е потребно. Можеби за себеси мислите дека сте личност која само сака забава и дружење, но, лесно и несвесно можете да се поврзете со некој. Знаејќи го ова, вие сте ја добиле половина битка.rn

2. Грижете се за своите чувства

rnКога ќе забележите дека некои работи ве повредуваат, размислете добро што е тоа што ви носи непријатни чувства и потрудете се да ги оттргнете. Грижата за своите чувства и својот живот ќе ја зајакне вашата способност да се справите со која било ситуација.rn

3. Оддалечете се

rnПонекогаш чувствувате дека сте премногу обземени од непријатни чувства, па не гледате излез од тоа. Честопати ангажирањето во некои активности може да ви го одвлече вниманието од тешките моменти. Обидете се да го исполните вашето време со позитивни активности, па така нема да подлегнете на емоционалните искушенија. На пример, можете да вежбате, да почнете со некој креативен проект или пак, да се препуштите на забава. Сето ова ќе ви овозможи да ја смените вашата емоционална состојба на позитивен начин.rnrnrn

4. Побарајте поддршка

rnНе треба целиот процес да го поминете сами. Повеќето личности сметаат дека е корисно да ја имаат поддршката од пријателите во периодот на емоционално тешки времиња. Самиот процес на зборување може да ви помогне да ја намалите непријатноста, а со тоа да ја намалите и веројатноста од донесување лоша одлука.rn

5. Не потпирајте се на рационализацијата

rnКако што ќе се обидувате да ги толерирате вашите чувства, ќе забележите глас во вашата глава којшто ќе се обиде да ве убеди да се откажете од вашите напори. Бидете скептични околу ова, па пред да преземете акција, проверете дали тоа е исплатливо.rnrnНа крај, запаметете дека секое искуство ве прави посилни и позрели личности. Со текот на времето, учењето за тоа како да се толерира емоционалната непријатност станува полесно. Развивајте ја способноста да управувате со вашите чувства и ќе забележите дека станувате поотворени кон животот, подготвени за нови предизвици.