Никогаш не било полесно да се заработува на начин што е флексибилен на вашиот животен стил. Без разлика дали сте на факултет, родител, или некој што сака да заработи нешто екстра, Интернетот ви овозможува да заработувате од удобноста на вашиот дом. Ова се работни места и фриленс можности со голем потенцијал што ви овозможуваат да почнете да работите со малку учење.rnrn
rn
1. Консултант или тутор
rnДали има област во која сте експерт за која можете да предавате или да нудите информации? Денес консултантите се навистина барани. Бидејќи светот е поповрзан од кога било, бизнисите и луѓето се свртеа кон најмување консултанти кои ќе им даваат насоки од маркетинг и брендирање, до здравје и образование.rnrnКако консултант можете да најдете онлајн работа на многу фриленс веб-сајтови. Можете да бидете тутор за студенти на веб-сајтови како Tutor и WyzAnt.rn
2. Фриленс писател
rnМожностите на писателите навистина се зголемија со прославувањето на Интернетот. Можете да заработувате со секоја форма на пишување, од фантазија и резиме, до блог или што било на коешто ќе помислите. Оваа категорија нуди многу без разлика на вашето искуство.rn
3. Менаџер на социјални мрежи
rnДали редовно ги користите социјалните мрежи? Ова работно место може да биде навистина забавно бидејќи спојува неколку нешта. Вашата работа може да биде објавување на неколку објави неделно за некои ресторани, или може да помагате во рекламирање на нови продукти преку стратешки социјални објави и подарувања. Ако редовно користите Фејсбук, Твитер или Инстаграм, проверете ги веб-сајтовите како Upwork.rn
4. Транскрипционист
rnАко барате нешто едноставно, ова е работата за вас. Како транскрипционисти вие ќе ги претворате видео и аудио текстовите во пишана форма. Бидејќи видео и аудио записите стануваат навистина популарни, оваа работа е многу барана. За вакво работно место проверете ги веб-сајтовите TranscribeMe, Rev и Tigerfish.rn
5. Графички дизајнер
rnГрафичките дизајнери многу се разликуваат со вештината и талентот. Нo никогаш не било полесно да станете графички дизајнер благодарение на веб-сајтовите како Canva и Picmonkey.Овде ќе можете да создадете квалитетни слики за блог, PDF дезени, постери и слично. Одличен веб-сајт кој нуди работа за графички дизајнери е Fiverr.rn
6. Виртуелен асистент
rnВоглавно на ова работно место ќе ги завршувате обврските на сопственици на бизниси или директори кои сакаат да се фокусираат на создавање продукт, дизајнирање и други задачи во кои имаат важна улога. Па на некој начин виртуелниот асистент може да биде комбинација од горенаведените предлози. Нивната улога е помагање на сопственикот со што било, а тоа може да се менува со текот на времето. Zirtual и People Per Hour се одлични веб-сајтови што нудат работно место за виртуелни асистенти.rnrnДали ги знаете вистините кои им се познати само на оние кои работат од дома?
