Нашите раце минуваат низ многу, па како најупотребуваниот дел од нашето тело, сосема нормално е тоа што тие стареат побрзо. И без разлика колку младолико изгледате, оштетената кожа на дланките секогаш ќе ги „издава“ вашите вистински години. Можеби дури и ќе прави да изгледате постари одошто сте. Но, сето ова можете да го спречите ако почнете уште од сега да се грижите за нив. Сакате рацете да ви изгледаат и до 10 години помладо? Нема проблем. Следете ги следниве инструкции.rn
1. Инвестирајте во крема за раце против стареење
rn
rnrnВие постојано го мачкате лицето, па зошто да не го правите истото и со рацете? Обидете се да најдете крема што хидрира, но и што ја осветлува кожата и ѝ дава сјаен, младешки изглед.rn
2. Носете ракавици за домашните обврски
rn
rnrnТоплата вода и средството за чистење може да ја исуши вашата кожа до степен што таа ќе почне да пука. Спречете го ова така што ќе носите ракавици за домашните обврски. Ова се однесува на сè од миење чинии до чистење на кадата. Исто така, нанесете лосион пред да ги ставите ракавиците за да ја впијат влажноста додека работите.rn
3. Размислете повторно за лакот за нокти
rn
rnrnМожеби сте забележале дека некои популарни брендови ги исфрлаат токсичните хемикалии од нивните формули. Други пак, додаваат есенцијални масла за да ви помогнат при одржување на нивната цврстина. Маникир? Да, благодариме.rn
4. Грижете се за кутикулите
rn
rnrnЕсенцијалното масло за грижа на кутикулите е најдоброто нешто што можете да го направите за вашите раце. Нанесете го на целата дланка и гледајте како рацете ви се подмладуваат пред вашите очи.rn
5. Носете крема за заштита од сонце
rn
rnrnСекогаш пред да излезете од вашиот дом, нанесете крема за заштита од сонце на сите откриени делови од вашето тело, вклучувајќи ги и рацете. Ова ќе ви помогне да ја заштитите целата кожа од предвремено стареење.rnrnДознајте и кои 5 витамини се најдобри за здрава кожа!