Не пропуштајте ги астролошките предвидувања во поглед на финансиите за оваа недела!rnrn
rn
Овен
rnПланетите и ѕвездите ќе влијаат позитивно врз вашите финансии. Така, доколку сакате да ги зголемите приходите, ова е добар момент за акција. Не заборавајте дека само целосната посветеност и напорната работа можат да доведат до успех.rn
Бик
rnОваа недела ќе треба да бидете особено претпазливи во текот на работењето, купувањето и носењето одлуки. Освен тоа, ќе треба да направите внимателна анализа на информациите со кои располагате. Не заборавајте дека во сиот процес важно е да не дозволите негативната енергија на другите да се пренесе и кај вас.rn
Близнаци
rnПочетокот на летната сезона ќе ви биде пропратен со многу финансиски активности. Така, оваа недела ќе биде позитивна во поглед на работата и носењето одлуки. Главна задача ќе ви биде повеќе да работите, а помалку да зборувате. Освен тоа, треба да бидете одговорни и никому да не давате лажни надежи и празни ветувања.rn
Рак
rnПланетите ќе ви помогнат да ги решите моменталните проблеми, но морате да внимавате кога ги поставувате вашите нови амбиции, со оглед на ретроградното движење на Сатурн од почетокот на неделата. Освен тоа, не дозволувајте околината да влијае врз вашите одлуки во поглед на финансиите и бизнисот.rn
Лав
rnДоколку е можно, најдобро е во следниот период да го насочите вниманието кон подмирувањето на вашите долгови како и да им се посветите на задачите кои одамна требаше да ги завршите. Ќе бидете доведени во ситуација да работите повеќе, а да заработувате исто како досега. За да ги зголемите вашите шанси за успех, подобро е да се стремите кон стекнување ново знаење во одредена област. Тоа ќе вроди со плод во иднина.rn
Девица
rnВе очекува среќа во поглед на работата и финансиските трансакции. Сепак, оваа недела нема да можете да ги постигнете вашите главни цели, па затоа астролозите ве советуваат да се фокусирате на остварување на обичните цели. Не заборавајте дека напорната работа и одлучноста се главните карактеристики кои морате да ги поседувате доколку сакате да успеете.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn