5 модни додатоци со кои ова лето ќе бидете едноставно неодоливи

Сподели

Модните додатоци се одличен начин да го освежите вашиот изглед и да го направите поличен и повпечатлив. Со оглед на тоа што оваа сезона сè се врти околу следниве неколку аксесоари, кој и да одберете од нив нема да згрешите. Само треба да внимавате вашиот изглед да е минималистички со цел токму овие модни додатоци да дојдат до израз.rn

Реклама

1. Кружни очила

rnГолемината воопшто не е важна. Кога ќе ги одбирате вашите нови летни очила за сонце, гледајте само тие да бидат кружни и веднаш ќе бидете во чекор со најновите трендови.rn

2. Папучи

rn

rnНа прв поглед тие делуваат како сандали, но ако погледнете подобро ќе сфатите дека станува збор за папучи со потпетици. Иако овој тренд веќе неколку години по ред полека се искачува на листата, оваа сезона ги добива своите 5 минути. Секако, тие не мора да бидат на високи потпетици доколку тоа не одговара на вашиот стил, но сепак е препорачливо доколку одберете да ги носите со летните фустанчиња.rn

3. Шешир

rn

rnЗарем постои девојка на оваа планета која би можела да си го замисли летото без еден голем шешир?rn

4. Ѓердан

rn

rnЃерданите познати како „чоукери“ се голем хит оваа сезона и ако добро ги комбинирате, можат целосно да го освежат вашиот изглед. Тие доаѓаат во сите облици, големини и материјали – доволно е да одберете еден по сопствен вкус и ќе добиете одличен, тренди и летен моден додаток.rn

5. Обетки

rn

rnКако и голем дел од останатата мода од 90-тите години, така и обетките во форма на кругови повторно се враќаат на врвот. Без разлика дали се мали или големи, тие одлично ќе се вклопат во вашите летни модни комбинации.

Популарно

Може ќе ве интересира