Подгответе се за мала промена затоа што следната година голем хит ќе бидат креативните и смели форми и неонските бои. Започнете да го усовршувате нанесувањето остра линија ајлајнер и изберете црвен кармин што најмногу ќе одговара на вашиот тен. Во 2020 година сите ќе тежнеат да имаат шминка што ќе изгледа природно, па заборавете на контурирањето и на сјајните хајлајтери. Погледнете што ќе биде во тренд следната година за да го усовршите начинот на шминкање на време.rn
1. Повеќе сенки, помалку кармин
rn
rnrnОвој изглед вклучува акварел нијанси, графички линии и уникатни комбинации на бои што нема да ги најдете во вашата неутрална палета. Ако сакате да го задржите вниманието на очите, тогаш изберете неутрална боја на кармин.rn
2. Без хајлајтери
rn
rnrnВо 2020 година, сè повеќе жени ќе сакаат да имаат свеж и природен изглед на лицето. Исфрлете ги сјајните хајлајтери, а наместо нив, одлучете се за природен сјај на кожата. Не заборавајте да пиете многу вода и да се фокусирате на негата на кожата. Можете да направите и лажен сјај со хајлајтер, но грижата за вашата кожа е клучна.rn
3. Остри и дефинирани линии
rn
rnrnОстрите линии на очите и дефинираните набори со впечатлива нијанса ќе бидат голем тренд во 2020 година. За јасно нагласени форми, прво нацртајте линија на капакот на окото со молив во посветла боја и тоа нека ви биде основа за понатаму да го пополните тој дел со смела нијанса на сенка за очи. Ако сакате да имате остри линии, избришете ги нерамните делови со помош на мицеларна вода.rn
4. Црвени усни
rn
rnrnЗошто имате тенденција да ги употребувате црвените кармини само за време на празниците? Во 2020 година очекувајте редовно да гледате смели црвени усни на свежо лице. За вашиот кармин да трае подолго, прво нанесете кармин, потоа натапкајте ги усните со марамче, ставете малку пудра во прав и на крајот повторно нанесете кармин.rn
5. Неонски ајлајнер
rn
rnrnОчекувајте да видите уште повеќе неонски бои во 2020 година. Ако користите неонски ајлајнер, остатокот од вашата шминка треба да биде едноставен и неутрален. Изберете неутрални нијанси на сенка за очи и не плашете се да експериментирате со ајлајнер или маскара во светла боја.rnrnПогледнете која фризура ќе биде најпопуларна во 2020 година.
