КАФЕ ПАУЗА

Откријте некои карактерни особини според потписот на личноста

Откријте некои карактерни особини според потписот на личноста

Вашиот потпис е единствен збир од знаци кои многу говорат за вас. Истражувачи од САД утврдиле дека ракописот открива дури до 5.000 карактерни особини.rnrnПа, ако сакате подобро да го запознаете вашиот колега или шеф, послужете се со тајните на графологијата. Во анализата се земаат предвид големината на потписот, закосеноста, начинот на кој се користат или разликуваат името и презимето, користењето на нагласувачи, големината на почетните букви, начинот на поврзување и користењето на точка.rnrnОткријте некои карактерни особини според потписот на личностаrn

Големина на буквите

rnГолемината на буквите во потписот покажува колку личноста сака да биде забележана.rnrnАко потписот, според големината и другите детали, личи на вообичаениот ракопис, односно ако е со средна големина, личноста е олицетворение на едноставноста.rnrnАко потписот е малку поголем од ракописот, тогаш личноста е самоуверена, храбра, амбициозна и сака да биде забележана.rnrnКрупниот ракопис со невообичаено големи букви, особено во средната зона, укажува на екстравертна личност кај која преовладуваат чувствата, со изразен нагонски живот и афективност. Кај поедини личности може да укажува на расипништво, но и на општа неумереност.rnrnОд друга страна, ситниот потпис, укажува на потиштеност, отсуство на радост, потреба за повлекување заедно со незадоволство и недоверба, но и на штедливост и добра концентрација.rn

Потписот во однос на линијата

rnАко потписот е под линијата, тоа означува песимистична личност, која има потреба да се повлекува, со ниско расположение и делување на нетипичен начин, а ако лебди над линијата се работи за оптимист.rn

Закосеност на буквите

rnАко буквите се закосени во лево, личноста е резервирана, внимателна и насочена на иднината.rnrnОние со потпис кој се наведнува во десно, брзо размислуваат, но се карактеризираат со таинственост и склоност за манипулации.rn

Позиција на потписот на линијата

rnЗначајно е и на која страна под текстот го оставате потписот.rnrnОптимистите и луѓето кои се воодушевени со сите аспекти на животот, најчесто се потпишуваат на десната страна на линијата за потпис.rnrnПотписот на средината на линијата, во рамнина со текстот, означува личност која сака сигурност и која е неодлучна.rnrnПотписот на левата страна во однос на линијата на текстот може да упатува на малку песимистична личност која живее во минатото.rn

Големина на првите букви од името и презимето

rnПовеќето луѓе се потпишуваат со име и презиме, но луѓето кои наместо името користат само иницијал, може да се или склони кон формалности и резервирана службена комуникација или длабоко го мразат своето име.rnrnОние на кои првата буква од името и презимето им е несразмерно поголема од останатите, најчесто се надуени личности кои имаат потреба да бидат уважени и почитувани.rnrnАко на целосно напишани име и презиме, почетната буква од името е поголема од почетната буква на презимето, тоа укажува на изразена самосвест и потреба за истакнување.rnrnИстакнатата почетна буква на презимето, а намалена на името е знак дека таа личност не е во потполност задоволна со себе.rnrnПотписот со печатни букви укажува на социјално неадекватни и личности со интелектуално пониска вредност.rn

Читкост на потписот

rnОсвен што може да значи дека личноста нешто сокрива, неуредниот потпис може да означува малку умислена личност.rnrnПотполно неразбирливиот потпис, не земајќи ги предвид канцелариските потписи на формуларите и документите, укажува на лукавост и склоност на измами и нечесност, додека спротивното укажува на јасен и методичен дух.rnrnЕдноставниот потпис без никакви украси и додатни линии укажува на отменост на духот, неупадливост и префинетост.rn

Заобленост на буквите

rnАглестиот ракопис може да укажува на самодисциплина и јака волја. Тоа е еден силен, цврст и затворен карактер, којrnможе да биде груб, ригиден и непомирлив.rnrnЗаоблениот ракопис укажува на флексибилност, благост, мирољубивост, способност за прилагодување, но и подложност на влијанија.rn

Начин на поврзување на буквите

rnАркадни – поврзување со врски во горниот дел, што укажува на отменост, воздржаност, сталоженост, но и затвореност и неискреност, лицемерство и склоност за формализам.rnrnПоврзувањето со заоблени линии во долниот дел (венечно поврзување) укажува на отвореност, попустливост, способност за прилагодување, добродушност. Овие личности се повеќе склони да даваат одошто да земаат.rn

Точката на буквите

rnИ точката во потписот си има скриено значење, како онаа на буквата „ј“.rnrnАко е во прашање креативна, кружна точка, тоа покажува дека личноста сака да се истакне помеѓу мнозинството и сака да биде поинаква, додека ситните точки укажуваат на повлеченост и недостаток на енергија за движење на работите и мобилизирање на останатите.rnrnКружните крупни точки укажуваат на енергичност и самодоверба.rnrnИскривени, неправилни и точки со нерамномерен облик зборуваат за афективна небалансираност, лутина, агресивност, а ако е поврзана со аглест ракопис – на бруталност.rnrnКратка точка укажува на зајадливост, а точка формирана со ротационо движење укажува на промисленост и рационалност.rnrnНедостаток на точката укажува на површност.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.