Што е потребно за да почнете да работите фриленс, и зошто е важно да бидете подготвени? Иако овој избор изгледа како пат кон поголема плата и поголема слобода, многу е важно да ги разгледате сите аспекти пред да ја донесете одлуката. Погледнете кои грешки треба да ги избегнувате.
rn
1. Немојте наеднаш да се префрлате од полно работно време кон фриленс
rnАко веќе работите работа со полно работно време, не мора веднаш да дадете отказ. Всушност, повеќето луѓе полека преминуваат во фриленс бизнисот додека сè уште ја одржуваат својата регуларна работа. Иако ова значи дека ќе работите повеќе часови од обично, ова е одличен начин да истражите пред целосно да се впуштите во нешто сосема ново.rn
2. Размислете дали сакате да работите сами
rnНешто што многу луѓе забораваат да го предвидат кога почнуваат со фриленс работа е промената на социјалната динамика. Ако доаѓате од канцеларија полна со колеги, работењето од дома, сами, може да ви биде тешко. Размислете дали ќе издржите да работите постојано сами. За да ја разбиете монотонијата на осаменото работење, можете да работите од кафетерија и слично.rn
3. Не се обидувајте да направите сè
rnСо други зборови, пронајдете за што ве бидува и држете се до тоа. Немојте да бидете и дизајнер и фотограф. Луѓето ќе сакаат да знаат што ве прави уникатни и во кое поле најдобро решавате проблеми. Штом ќе изградите репутација во саканата област, може да почнете да ги проширувате вашите знаења.rn
4. Не трошете го вашето време
rnКога ќе го промените работното време на коешто сте навикнати, можеби ќе се чувствувате и ослободено и застрашено. Можеби ќе работите постојано и нема да знаете кои проекти да ги прифатите, а кои да ги одбиете. Кога сте сам свој шеф слободното време ќе ви се скрати, особено на почетокот. Клиентите ќе очекуваат да ги извршувате задачите според распоредот. Но, ова не мора да значи дека треба да ги прифаќате сите проекти. Научете ја својата вредност и не ги продавајте своите вештини за помалку отколку што вредат.rn
5. Не ја потценувајте моќта на маркетингот
rnШтом ќе ја откриете својата област и својата цена, ќе почнете да работите со клиенти. Рекламирањето ќе стане една од најважните работи во вашиот живот. Можете да бидете најталентирани во својата област, но без реклама никој нема да знае за вас. Можете да направите сопствен веб-сајт или пак, да се рекламирате на социјалните мрежи. Следете ги трендовите за секогаш да бидете во предност.
Погледнете ги и 5-те тајни на жените кои ја обожаваат својата работа.


