КАФЕ ПАУЗА

5 грешки што ги прават жените при обликување на веѓите

Ако очите се прозорец на душата, тогаш веѓите се неговите рамки. Тие имаат моќ да привлечат внимание кон очите, притоа кажувајќи многу за вашиот изглед. Кога станува збор за нивното обликување, многу жени имаат проблеми со тоа. Во продолжение погледнете кои се петте најчести грешки што можете да ги направите што се однесува до формата и обликувањето на вашите веѓи.rn

1. Отстранувате премногу влакна

rn5 грешки кои ги прават жените при обликувањето на веѓитеrnrnПрекумерното кубење на влакната е една од најчестите грешки што ја прават многу жени. Ова не изгледа добро, а исто така ако потоа користите моливче за нивно обликување, ќе добиете сосема неприроден изглед.rn

2. Оставате премногу простор помеѓу двете веѓи

rn5 грешки кои ги прават жените при обликувањето на веѓитеrnrnНема потреба да создавате премногу голем простор помеѓу очите, затоа што на овој начин и вашите други карактеристики ќе изгледаат неприродно. Почетокот на веѓите треба да биде во линија со врвот на носот, а не со ноздрите. За да проверите од каде треба да почнете, послужете се со четка за шминкање или пенкало, кое ќе го поставите вертикално по надворешната страна на носот, сѐ до веѓата. Придржувајте се до тие точки и ќе добиете поприроден изглед.rn

3. Создавате преголем лак

rn5 грешки кои ги прават жените при обликувањето на веѓитеrnrnОсвен ако не сакате да оставите впечаток дека постојано сте изненадени, треба да внимавате премногу да не ги заоблите вашите веѓи. Преголемиот лак над очите може да направи да изгледате чудно. Затоа, пронајдете ја точката до која најмногу ви одговара да бидат заоблени вашите веѓи и придржувајте се кон тоа.rn

4. Користите премногу боја

rn5 грешки кои ги прават жените при обликувањето на веѓитеrnrnПрекумерното боење на веѓите може да го одвлече вниманието од вашите лични карактеристики, наместо да ги истакне, а тоа ќе создаде вештачки ефект. Целта на цртањето веѓи со молив е да создадете подобро дефиниран природен изглед, а не тетоважа. Изберете го вистинскиот молив или сенки кои одговараат за вашите веѓи и бидете внимателни со нивното користење.rn

5. Премногу сакате да ја нагласите совршеноста

rn5 грешки кои ги прават жените при обликувањето на веѓитеrnrnНепотребно е да се обидувате да ги изедначите веѓите една со друга, затоа што тоа може да доведе до грешки. Помислете на вашите веѓи како на близнаци – и тие не може да бидат идентични. На овој начин можете да ги направите премногу кратки, премногу тенки, со неправилен агол и слично.