Модата од 90-тите години доминираа оваа сезона, а кога станува збор за косата, се враќаат светли бои како што огнено црвената или специфични должини како што е пикси фризурата и долгата коса. Како што се менуваат сезоните, така се менува и модата, па погледнете кои фризури ќе бидат во тренд оваа зима.rn
1. Светли бои
rn
rnrnОвој тренд се врати од 90-тите, а Зендаја на црвениот тепих направи комбинација од 2 популарни трендови во една фризура: макси должина на косата и светла црвена боја.rn
2. Мега волумен
rn
rnrnКога станува збор за волуменот, ова сезона важи правилото „повеќе е повеќе“. Степенестата фризура и шишките тргнати настрана се апсолутен моден хит оваа сезона. Ваква фризура има Хајди Клум која се одлучи за слоевито стрижена коса, со патец во средината кој го надополни со шишки тргнати настрана.rn
3. Макси должина
rn
rnrnДолгата фризура повторно се враќа во мода и тоа слична на фризурата на Шер. Оваа фризура бара негувана и здрава коса, која е свиленкаста и нежна на допир и е вистински избор кога сакате да претставите силен, но сепак женски и софистициран изглед.rn
4. Пикси фризура
rn
rnrnИако претставува екстремна промена и бара доза храброст, оваа фризура привлекува внимание и има многу предизвикувачки и модерен изглед. Многу жени ја избегнуваат оваа фризура бидејќи изгледа како фризура која е монотона и нема огромен креативен потенцијал, но сепак, оваа сезона може да ве инспирира да излезете од вашата удобна зона и да пробате нешто сосема ново.rn
5. Темен боб
rn
rnrnБоб фризура е во тренд веќе неколку години. Сепак, оваа сезона е популарна боб фризурата со класична должина и во малку потемни тонови. Ваква фризура има моделот Бела Хадид, а нејзиниот избор е рамно стрижена коса со врвовите вовлечени навнатре.rnrnПогледнете кои 5 мејкап трендови треба да ги совладате пред да започне новата година.
