Издржавме и пристигнавме скоро до 2021 година, можеби единствената за која никој не те праша „Каде одиш за Нова година?“ и тоа е со добра причина. Време е да влеземе во следната година ментално и физички организирано, да йа ставиме на прво место грижата за себе и да бидеме, колку што можеме, позадоволни од себе.rnrn
rnrnАко работите од дома, треба да вклучите работни практики и да вежбате мали трикови што ја зголемуваат продуктивноста, ги подобруваат перформансите и му донесуваат мир на умот.rnrnИскористете го почетокот на годината за новогодишни резолуции со цел да ја зголемите вашата енергија, ефикасност и да го отстраните стресот од работниот ден. Еве пет основни навики што треба да ги вметнете во вашата дневна рутина за да ги направите месеците пред вас попродуктивни и помалку стресни.rn
1. Поставете рекорд
rnПоставете време за рутинска задача. На пример, колку време ви треба за да подготвите појадок? Да прочитате и да одговорите на 12 пораки? Или да подготвите неделен извештај? Свртете ги овие рутински задачи во конкуренција со самите себе и видете колку брзо можете да ги решите. Ќе бидете изненадени колку можете да постигнете за еден ден, наместо да „влечете“ две задачи до крајот на работното време.rn
2. Бизнис аутфит и дома
rnОблечете се во облека што ќе ве направи самоуверени, професионални и продуктивни. Има неколку истражувања и докази кои ја поддржуваат теоријата дека облеката влијае на тоа како се чувствуваме и се однесуваме. Според д-р Нина Васан, психијатарка и клинички асистентка на Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд облеката ја обликува вашата ментална состојба и продуктивност. Кога сте заглавени дома цел ден, она што го носите може да го постави тонот на она што го правите. Облечете го парчето во кое најдобро се чувствувате психички да се подготвите за работа.rn
3. Организирајте го просторот
rnСредете го вашиот работен простор, архивирајте ја вашата е-пошта или сортирајте ги зачините по азбучен ред. Потоа застанете за момент, одвојте време да си честитате за добро завршената работа и само тогаш преминете на првата задача на списокот. Докажано е дека секоја успешно завршена задача, дури и ако станува збор за редење на теглички со зачини, ни дава мотивација за следната.rn
4. Подигнете го нивото на енергија
rnГо слушате ова цело време, но со причина. Многу е важно да се движите! Во студија на Универзитетот во Џорџија, истражувачите ги поделиле субјектите во три групи: низок интензитет, умерен интензитет и контролни групи (оние без вежбање). За време на шестнеделниот експеримент, двете групи за вежбање пријавиле зголемување на нивото на енергија во споредба со контролната група. Дури и оние со помал интензитет на вежбање пријавиле помал замор. Трчајте по скалите, шетајте низ зградата или направете неколку јога пози или пилатес.rn
5. Прославете ги вашите успеси
rnВо домашна работна средина, тешко е да добиете потврда и пофалби што често сте ги чуле во канцеларијата. Поминаа деновите кога колегите можеа да ве тапнат по грбот за време на пауза или вашиот шеф може да ви честита на „одличната презентација“ додека одите покрај неговата канцеларија. На вас е да ги признаете и прославите вашите достигнувања и успеси.rnrnПрочитајте и како да ја задржите самодовербата откако ќе ја изгубите работата?