КАФЕ ПАУЗА

На кој начин секој хороскопски знак го пребродува лошиот ден?

На кој начин секој хороскопски знак го пребродува лошиот ден?

Сите понекогаш имаме лоши денови кога ништо не ни оди „од рака“ и едвај чекаме да завршат. Но, никој не сака лошиот ден да се претвори во лоша недела, месец или година. Затоа „стегнете заби“ и соочете се со предизвиците на лошиот ден.rnrnНа кој начин секој хороскопски знак го пребродува лошиот ден?rnrnАко сметате дека астрологијата влијае на вас, тогаш начинот на кој секој хороскопски знак се справува со лошиот ден, зависи од ѕвездите.rnrnНемојте да дозволите лошиот ден да влијае лошо на вас и вашиот живот. Лошите денови нека ви бидат мотив за уште похрабро да продолжите понатаму.rn

Овен

rnОвните имаат позитивен дух, затоа е потребно многу повеќе од еден лош ден за да се изместат од својот колосек. Тие се посветуваат на качување по карпи, велосипедизам или трчање за да го надминат лошиот ден.rnrnВежбањето е природен начин за подобрување на расположението, тоа може да ви помогне да спиете подобро и да се ослободите од стресот. А, што друго ви треба после еден ден поминат во „пеколот“? Овните секогаш наоѓаат начин да го зачувуваат оптимистичкото во себе.rn

Бик

rnЗа Бикот да преживее лош ден, треба да ги предизвика своите сетила. Ароматерапијата, масажата, бањата со мирисливи масла или јадењето на некое од омилените јадења ќе направи чуда за неговото расположение.rnrnТој не мора да стори многу за да го надмине лошиот ден, така што лесните работи во кои Бикот не мора да вложи многу напор се најдобри. Ако на ваквиот ден тој сака само да се спружи на каучот и да гледа филмови или серии и тоа е добро решение за него.rn

Близнаци

rnАко Близнаците имаат ужасен ден, најдоброто нешто што може да направат е да поминат време со своите пријатели, партнерот или семејството – секој кому му веруваат и од кого добиваат поддршка.rnrnИако Близнаците имаат многу познаници, постојат многу малку луѓе на кои навистина им веруваат, но тие луѓе ним им значат сè и имаат моќ да ги лекуваат со своето присуство.rn

Рак

rnАко Ракот има ужасен ден, нивниот прв инстинкт може да биде да полудат уште додека се во кревет и да спијат долго време, а тоа не е лоша идеја. Сепак, повеќе би им користело ако излезат од дома и направат нешто во што навистина уживаат, како одењето на концерт или на театар.rnrnНајдоброто нешто за Ракот не е да се фокусира на тоа што сè тргнало наопаку туку да се насочи на работите што го прават среќен – музиката, природата и нештата што ја инспирираат неговата креативност.rn

Лав

rnКога Лавот има ужасен ден, најдобро е да стори нешто за некој друг, како на пример да посети пензионерски дом или да организира некоја добротворна акција.rnrnИако волонтерската работа може да звучи како последното нешто што Лавот би сакал да го направи, помагањето на другите прави тој да се чувствува добро и да пронајде нова перспектива. Покрај тоа, средбите со нови луѓе Лавот го полнат со позитивна енергија.rn

Девица

rnКога Девиците имаат лош ден, треба да ги искористат своите аналитички вештини. Ако Девицата го согледа овој ден на практичен начин, без да се обвинува, ќе може да ги види работите јасно.rnrnДевиците најпрво ќе се обидат да поправат сè, но треба да сфатат дека некои работи се недостижни и дека е најдобро само да се откажат од нив. На тој начин тие ќе можат да продолжат понатаму.rnrnПродолжува на следната страница…rn