Овој традиционален пијалак што го обожаваат сите странци кога ќе ја посетат нашата земја, никого не остава рамнодушен, а познато е дека се користи за повеќе намени. Нашите баби и дедовци ја користеле ракијата како лек за сѐ и таа навистина има здравствени придобивки, секако доколку не се претера со количината. Наредниот пат кога некој ќе ве нападне поради тоа што сте љубител на ракија, изнесете некој од следниве аргументи…rnrn
rn
1. Го продолжува животниот век
rnПреголемата количина ракија и кој било друг алкохол дефинитивно ќе ви го скрати животниот век, но умерената количина би можела да ви го продолжи. Најмногу поради тоа што ракијата содржи антиоксиданси кои помагаат во борбата против радикалите – кои се главните виновници за стареењето.rn
2. Ослободува од стрес
rnДоколку ја пиете во умерени количини, ракијата делува на нервниот систем и може да ве опушти. Уште еднаш ќе повториме: само доколку ја консумирате во умерени количини!rn
3. Го намалува ризикот од мозочен и срцев удар
rnКај ракијата е одлично тоа што го спречува таложењето на наслаги од холестерол во кардиоваскуларниот систем, односно помага да се намали нивото на холестерол. Сето тоа драстично го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.rn
4. Ја спречува појавата на настинка
rnМожеби сте слушнале дека ракијата може да послужи како одличен сируп против кашлање. Исто така алкохолот ги убива сите бактерии во грлото. Најдобар ефект ќе постигнете доколку ја помешате ракијата со топла вода и лимон.rn
5. Не дебелее
rnУште еден одличен аргумент: за разлика од газираните и густите сокови, ракијата е алкохол со многу мал број калории. Ако пиете ракија ќе го намалите холестеролот во крвта и нема да добиете вишок килограми.