Гугл спаѓа во групата на најпосакувани работодавци, но судејќи според прашањата кои им се поставуваат на кандидатите за вработување, тешко се стига до некое од работните места.rnrn
rnrnВилијам Паундстон, авторот на книгата „Дали сте доволно паметни да работите за Гугл?“ објаснува какви сè задачи и загатки им се поставуваат на потенцијалните вработени во компанијата. Тој во својата книга открива како да бидете брилијантни на вашето интервју, доколку конкурирате во оваа компанија, а открива и некои од можните прашања кои можат да ви бидат поставени.rnrnКако што тој тврди во книгата, одделот за човечки ресурси од одговорите може да утврди дали некој од кандидатите со задоволство би ја работел понудената работа. На листата се наоѓаат и овие неколку прашања:rn
- rn011
- Зашто капаците од шахтите се округли?
- Колку тоалетна хартија е потребна за да се прекрие цел Тексас?
- Ве смалуваат во големина на една монета и ве фрлаат во миксер кој ќе почне да работи за 60 секунди. Што ќе направите?
- Колку би наплатиле за бришењето на сите прозорци во Сиетл?
- Колку правосмукалки се произведуваат годишно?
- Смислете план за евакуација на Сан Франциско.
- Кој број е следен во низата: 10, 9, 60, 90, 70, 66 ?
- Во што побрзо се плива, во вода или во сируп?
- Колку пати во денот стрелките на часовникот се преклопуваат?
- Маж го туркал својот автомобил до некој хотел и го изгубил целото свое богатство? Што се случило?
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnСега за сега од компанијата немаат коментар за оваа книга и задачите кои се опишани во неа, но една поранешна вработена во Гугл тврди дека никогаш на интервју не се давале такви загатки за решавање.
