Вие сигурно ги вкрстувате вашите нозе барем еднаш додека вечерате, работите на вашата работна маса или пак, на кое било место каде што седите. Всушност, има големи шанси дека не ни забележувате дека го правите тоа, вие едноставно седнувате на столица и веднаш ја поставувате едната нога врз другата, исто како што правевте со години претходно.rnrn
rnrnНо, експертите почнуваат да предупредуваат за оваа лоша навика. Вкрстувањето нозе може да има негативно влијание врз вашето здравје. Еве што треба да знаете…rn
Тоа предизвикува болки во грбот и вратот
rnСпоред ортопедот Вивијан Ејсентад, вкрстувањето нозе води кон болки во грбот и вратот. Кога седите на овој начин, вие го поставувате вашето тело во странична позиција, која води кон ротација на една од вашите карлични коски. Бидејќи вашата карлица е основата за поддршка на вашиот ‘рбет, оваа позиција поставува непотребен притисок на вашиот врат и грб.rnrnКолку подолго седите со нозете вкрстени, толку повеќе притисок правите на вашиот ‘рбет и ги зголемувате шансите да го развиете овој проблем. И покрај тоа што е невозможно постојано да одржувате правилно држење на телото, таа препорачува да се обидете повеќето од времето да седите со вашите колена под агол од 90 степени со цел да ја балансирате карлицата.rn
Поврзано е (најверојатно) со проширените вени
rnИзгледа дека медицинската заедница е поделена во две групи кога станува збор за поврзаноста помеѓу вкрстените нозе и проширените вени. И покрај тоа што некои доктори велат дека тие настануваат исклучиво од генетика, бременост, изложеност на сонце и континуирано седење долго време, другите како кардиологот Хуман Медион велат дека постои индиректна врска помеѓу овие две нешта.rnrnВкрстувањето на нозете го зголемува притисокот во вашите вени кои се одговорни за враќање на крвта во вашето срце. Притисокот предизвикан од едната нога врз другата го отежнува крвотокот и може да доведе до ослабување на вените во вашите нозе. Доколку вените се оштетени или ослабени, крвта може да се задржува во нив, притоа формирајќи проширени вени.rn
Го зголемува вашиот крвен притисок
rnКрвта во вашите нозе треба да биде насочена кон вашето срце во движење кое е спротивно од гравитацијата. Тоа е тешка работа, дури и без вие да ја дотежнувате со вкрстените нозе, но кога седите во таа позиција вие го зголемувате отпорот на движењето на крвта. Како резултат, вашето тело мора да го зголеми крвниот притисок со цел да ја турне крвта назад кон вашето срце.rnrnВие нема да почувствувате никакви симптоми кога вашиот крвен притисок се зголемува, но доколку ова постојано се повторува, зголемениот крвен притисок може да предизвика долготрајни здравствени проблеми. Па, планирате да седите долго време? Не ги вкрстувајте нозете.rn
Ги нарушува нервите во вашите стапала
rnВкрстените нозе не само што влијаат врз патот на крвта до вашето срце, туку и имаат влијание врз вените и нервите во вашите нозе и стапала. Вкрстувањето на нозете кај колената создава притисок врз главниот нерв во вашите нозе кој поминува веднаш под коленото од надворешната страна на ногата. Според д-р Ричард Грејвс, притисокот може да предизвика отрпнатост и привремена парализа во некои од мускулите на вашите нозе и стапала, така што не можете да ги подигнете вашите зглобови.rnrnИ покрај тоа што ова чувство е привремено, тој вели дека постојаното седење со вкрстени нозе во иста позиција може да предизвика оштета на нервите која резултира со долготрајна отрпнатост во вашите нозе. Најдобриот совет е да не седите со вашите нозе вкрстени.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn