Старките се истовремено спортски, чик и кежуал. Може да ги комбинирате на фармерки, сукњи и кратки пантолончиња. Тоа што се ниски и лесни ги прави одлични за топлите летни денови. Еве 4 предлози како би можеле да ги вклопите старките во вашиот изглед ова лето.
rn
1. Слатко и нежно
rnЗа сладок изглед одберете лесна ленена кошула без ракави и искомбинирајте ја со бели шорцеви или пласирано здолниште и ниски старки со корална боја. Како аксесоари одберете неколку алки и сламено капче.
rn
2. Смело и впечатливо
rnИскомбинирајте ромперки или кратко летно фустанче со цветен дезен и светло фармерско палто со старки во тиркизна боја. Надополнете го изгледот со темни очила за сонце со округли стакла, неколку миди прстени и впечатлива боја на лак за нокти.
rn
3. Кежуал
rnДоколку сакате да постигнете впечаток „јас сум кул без многу напор“, искомбинирајте бели ниски старки со широки „искинати“ фармерки. Одберете долга лесна блуза со нежен принт и розово сако, како и нежно златно ланче.
rn
4. Романтичен изглед
rnОдлична комбинација за прв состанок на смелите девојки. Искомбинирајте црно асиметрично здолниште, бела маичка со натпис и старки во црна или мастило боја. За крај одберете долги обетки и сјај за усни во темно розова или светло виолетова боја.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

