Според легендите, Џингис Кан имал толку многу љубовници и деца што денес најверојатно низ Евроазија шетаат милиони негови потомци, но дали тоа е навистина така?rnrn
rnrnНекои извори велат дека Темуџин, името што го добил при раѓање, се оженил со својата прва сопруга Борте на 16 години. Според некои историчари таа била киднапирана и силувана, но тој успеал да ја ослободи и со неа имал 4 сина.rnrnСо оглед на фактот дека во текот на следните 20 години владеел со поголемиот дел од денешна Русија, Кина, Ирак, Кореја, Индија и Источна Европа, како и очигледната наклонетост кон сопругите на неговите непријатели, резултатите до кои дошле научниците се совпаѓаат со тврдењата за кои повеќето сметаат дека се само легенда.rnrnСтудијата „Генетско наследство на Монголите“ сугерира дека околу 0,5% од вкупното машко население во светот се потомци на Џингис Кан. За ова откритие научниците истражувале околу 5.000 примероци крв кои биле собирани во период од 10 години од повеќе етнички групи населени во регионите на поранешната монголска империја.rnrnПреку детална генетска анализа, научниците го откриле присуството на единствениот Y-хромозом кој секогаш се пренесува од татко на син и останува непроменет, а кој првпат се појавил во Монголија пред околу 1.000 години.rnrnСамо еден народ надвор од границите на поранешната империја посочи дека најверојатно потекнува од лозата на Џингис Кан – се работи за Хазарите, етничка група од Авганистан и Пакистан чија усна традиција тврди дека тие се потомци на големиот војсководец.rnrnОд друга страна, генот е присутен во 8% од населението кое денес го населува регионот со кој некогаш владеел Џингис Кан. Се смета дека за да се постигне ваков резултат, тој морал да има деца со повеќе од 1000 жени и дека неговите освојувања се директно поврзани со ширењето на генетскиот материјал.rnrnЏингис Кан останал запаметен во историјата како владетел со 6 сопруги и повеќе од 500 конкубини. За време на освојувањата тој ги избирал своите љубовници меѓу заробеното население, а некои легенди велат дека тој ги земал жените и ќерките на неговите непријатели. Една легенда вели дека тој секоја вечер менувал дури 6 жени.rnrnСепак, ставот на научниците е дека бројот на потомци сè уште останува нејасен и дека само откривањето на неговиот гробот како и можноста да се истражува неговиот генетски материјал можат да ја решат дилемата за потомците на Џингис Кан.rnrnОткако прочитавте за потомците на Џингис Кан, можеби ќе сакате да прочитате и за Монголија, заборавениот и изолиран рај.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs
Колку потомци на Џингис Кан има денес во светот?
