Чувствителните луѓе би требало да ја прифатат својата емотивност. Важно е да го направите тоа. Кога подобро ќе размислите, имате многу среќа што сте такви, бидејќи суштината на животот е да ги почувствувате и да уживате во сите емоции во својот живот.rnrn
rn
1. Прифатете ги емоциите, но не им дозволувајте да ве контролираат
rnЧувствителните луѓе би требало да ја прифатат својата емотивност. Важно е да го направат тоа. Кога подобро ќе размислите, животот е создаден за да чувствувате и да уживате во емоциите. Од друга страна, морате да знаете како да ги контролирате вашите емоции. Без оглед на тоа дали сте лути или тажни, пред сѐ мора да го почитувате својот живот и своето постоење. Морате да продолжете да живеете. Немојте да дозволите вашите емоции да ве контролираат вас. Запомнете, вие ги држите конците на вашиот живот во своите раце.rn
2. Задолжително заштитете се
rnДобро е да бидете чувствителни, но луѓето со оваа карактеристика најчесто имаат тенденција да ги кријат своите чувства, па поради тоа често стануваат жртви на манипулација. Уживајте во вашите емоции, но научете како да се заштитите од некои не толку добри луѓе.rn
3. Фокусирајте се на она што е навистина важно
rnЕден од потенцијалните проблеми на емотивните луѓе е тоа што се „трошат“ на неважни работи, така што се препуштаат дури и на најмалата емоција. Убаво е да чувствувате сѐ, но имајте јасна слика за тоа што е навистина важно и немојте од едно стебло да правите цела шума.rn
4. Тоа што сте чувствителна душа не значи дека сте слаби
rnПоп културата од чувствителните луѓе до некаде направи слабаци, меки луѓе. Тоа не е вистина! Всушност, потребни се многу сила и храброст за еден човек да ги покаже своите вистински емоции. Немојте да се плашите од тоа, туку бидете храбри.rnrnПрочитајте ги и овие неколку работи што чувствителните луѓе ги прават поинакви!