КАФЕ ПАУЗА

4 начини на кои можете да го поттикнете растот на вашата коса

Без разлика дали губењето на вашата коса е предизвикано од медицинска состојба, генетика или едноставно запоставување, вие секогаш можете да го подобрите нејзиниот раст и да имате побујна коса одошто некогаш сте замислувале. Сè што треба да направите е да ги следите овие неколку чекори…rnrn4 начини на кои можете да го поттикнете растот на вашата косаrn

1. Подобрете го здравјето

rnИако овој совет изгледа многу очигледен, сепак повеќето луѓе имаат тенденција да го игнорираат. Понекогаш доволно е само да ја промените вашата исхрана, да пиете повеќе вода и повеќе да спиете со цел да го забрзате растот на вашата коса. Протокот нови витамини и минерали ќе ѝ овозможи основа за да се поправи самата. Зголеменото внесување вода ќе ја одржува хидрирана.rnrnИсто така не заборавајте дека вашата коса расте побрзо кога спиете, па ако останувате будни цела ноќ, обземени од вашите грижи, вие сè повеќе коса ќе почнете да губите. Луѓето генерално избегнуваат промени, но ако сте сериозни за подобрување на здравјето на вашата коса и сакате таа побрзо да порасне, тогаш овие мали промени во секојдневната рутина можат многу да ви помогнат.rn

2. Масирајте ја вашата глава

rnКолку чудно и да ви звучи, доволно е да ја масирате вашата глава само 10-тина минути на ден со цел да им ја овозможите потребната стимулација на фоликулите на косата да го забрзаат производството на нови клетки. Процесот е многу едноставен.rnrnЗемете го вашето омилено масло за грижа на кожа (се препорачува кокосово) и нанесете мала количина на врвот од вашите прсти. Потоа нежно масирајте го скалпот со кружни движења, притискајќи онолку притисок колку што ви е пријатен. Притисокот од вашите прсти ќе го зголеми протокот на крвта во вашиот скалп и ќе помогне да се отстранат сите токсини кои се собрале во таа област.rn

3. Медитирајте за понизок стрес

rnСите ние ги знаеме несаканите последици од претераната изложеност на стресот, но малкумина од нас преземаат нешто за вистински да го намалат. Не само што медитацијата ви помага да го намалите нивото на стрес хормонот кортизол во вашето тело, туку исто така ќе имате и подобра циркулација, благодарение на вниманието кое треба да се посвети на дишењето.rnrnИсклучете ги сите електронски направи, наместете се удобно и дозволете си целосно да се опуштите. Земајте длабоко воздух и замислете како стресот и токсините се исфрлаат од вашето тело низ издишувањето. Доволни се само 10 минути медитирање на ден за да направите огромна разлика во нивото на стрес и општото здравје.rn

4. Обидете се со овој домашен рецепт

rnСтанува збор за природен шампон за поттикнување на растот на косата кој е многу едноставен за подготовка, а се состои од само 2 состојки: алое вера и кокосово масло. Едноставно измешајте 25 милилитри алое вера со 25 милилитри кокосово масло и нанесете ја мешавината на вашата глава. Оставете да делува 1 час, но претходно погрижете се таа да го прекрива целиот скалп.rnrnЧистата алое вера има многу придобивки, но тешко е да се најде. Токму затоа ќе мора да се обидете со онаа која може да се најде во продавниците. Откако ќе помине часот, едноставно измијте ја вашата коса со млака вода и благ шампон. Повторувајте го процесот неколку пати неделно и веднаш ќе забележите неверојатна разлика.