Без разлика на сè, неоспорен е фактот дека 90-тите ги одбележаа одлични филмски хитови, но и филмски јунакињи кои им станаа миленички на сите девојки во светот. Денес се присетуваме токму на тие јунакињи, како и на филмовите кои благодарение на нивните маестрални улоги станале вистински хитови.rnrn
rn
1. Роуз Досон, „Титаник“
rnНема девојка која не сакала, барем за момент, да се најде покрај Леонардо Дикаприо на местото на Кејт Винслет во многубројните сцени кои го одбележаа овој повеќекратно наградуван филм.rnrn
rn
2. Миа Волас, „Евтини приказни“
rnСите девојки од 90-тите сигурно поминале низ бунтовнички период, а Миа Волас ја гледале како свој идол. Острата црна коса, шишките и погледот кој убива беа инспирација за многу девојки.rnrn
rn
3. Анџела Хејс, „Американска убавина“
rnСекоја девојка можеше да се пронајде во оваа јунакиња, додека Мена Сувари, актерката која ја играше, несомнено беше многу кул девојка во 90-тите.rnrn
rn
4. Кет Страфорд, „10 работи кои ги мразам кај тебе“
rnПризнајте дека барем еднаш во текот на растењето сте се однесувале како Кет и сте ги користеле нејзините реплики од популарниот тинејџерски филм со Џулија Стајлс и Хит Леџер.rnrn
rn
5. Вивијан, „Убава жена“
rnСо оглед на тоа дека „Убава жена“ е вистинска модерна бајка, не е чудно што многу девојки, гледајќи го овој филм, посакале барем на еден ден да бидат како неа.rnrn
rn
6. Трејси Милс, „Седум“
rnЗошто? Затоа што сите сакавме да му бидеме сопруга на Бред Пит, па макар и на филм.rnrn
rn
7. Анет, „Сурови намери“
rnРајан Филипе беше нашето момче од соништата, а Риз Витерспун нашата „омразена“ миленичка во филмот „Сурови намери“.rnrn
rn
8. Џени, „Форест Гамп“
rnДали и вие плачевте додека го гледавте овој филм? Па колку и да е тешка приказната на Џени, ние ја обожававме затоа што таа и покрај сè продолжи да живее и бидејќи изгледаше тотално храбро и бестрашно.rnrn
