КАФЕ ПАУЗА

4 начини коишто ќе ви покажат како да ја добиете почитта на работното место

Четири начини коишто ќе ви покажат како да ја добиете почитта на работното место

Written by

in

,

Авторитетот е нешто што се гради долги години, а потребен е само миг да биде срушен. Покрај другите карактеристики, добриот вработен се одликува и со добар авторитет. Па, секој од нас соочувајќи се со одредени потешкотии, во одреден период си го поставил прашањето: Како да ја привлечам почитта на нашите партнери, колеги или пак претпоставени?rnrnПогледнете ги неколкуте начини коишто ќе ви помогнат при освојување на почитта.rn

1. Вашата облека го потврдува вашиот кредибилитет

rnИако честопати сме ја среќавале изреката дека „не се суди по изгледот“, сепак, стилистите посочуваат дека стилот на облекување има доста големо влијание на првиот впечаток, особено кога станува збор за интервју за работа, бизнис-средби и сл. Всушност, кога облеката одговара со околината во којашто се дејствува, половина од почитта е добиена.rnrnЧетири начини коишто ќе ви покажат како да ја добиете почитта на работното местоrn

2. Позитивен став и однесување

rnДоколку вашата облека ве изневери, тогаш вашиот став и однесување може да кажат многу за вас. Секако дека не одговара да бидете позитивни во секоја ситуација, но за да се добие посакуваната почит потребно е да останете љубезни во секое време, со што на клиентот ќе му ја покажете вашата стрпливост, а со тоа и вашата заинтересираност за соработка.rn

3. Исполнете ги обврските коишто сте ги ветиле

rn„Ќе видиме“, „Како сакаш…“ – Доколку сакате да бидете почитувани, потребно е да ги избегнувате овие одговори колку што е можно повеќе. Всушност, тие ве прикажуваат како несигурни, нестабилни и некомпетентни, што секако не ви е од корист. Во овој контекст, потребно е да ја запаметите следнава заповед: „Треба да го кажувате она што го правите и да го правите она што го кажувате“. Ова е од суштинско значење за да се добие довербата и почитта од другите.rnrnЧетири начини кошто ќе ви покажат како да ја добиете почитта на работното местоrn

4. Бидете точни

rnДруга заповед којашто треба да ја имате предвид е: придржувајте се кон вашите ветувања. Ненавременото пристигнување на состаноци, доцнењето на работа и постојаното одложување на обврските се едни од најголемите непријатели на вашиот авторитет. За да бидете почитувани, останете верни на своите обврски.