Трошењето 1200 калории дневно не е толку тешко, иако бројката изгледа голема. Според проценките на експертите од „Health Status“, еден просечен човек со тежина од околу 50 килограми, троши 300 калории само додека спие и најмалку 1.200 калории дневно при нормалното функционирање на телото и организмот (варење на храната, дишење…). Еве неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да успеете да ја одржите вашата идеална линија, без притоа да се водите по несоодветни диети.rn
Чекор 1 – Одвојувајте време наменето за вежбање
rnДоколку едно лице со телесна тежина од околу 75 килограми е физички активно 30 минути, тогаш тоа соодветно ќе потроши околу 400 калории. На лицата со помала телесна маса, ќе им биде потребно малку повеќе време за да ја достигнат оваа бројка од 400 калории.rnrn
rn
Чекор 2 – Размислувајте како да го активирате телото
rnДенеска на работа, наместо со автомобил или со автобус, одете пешки. Ќе заштедите и ќе се чувствувате поудобно во вашето тело. Внимавајте и да ги избегнувате лифтовите и ескалаторите. Истото така повремено работете лесни работи низ домот. Истражувањата покажуваат дека можете да потрошите 200 калории само со бришење прашина и чистење со правосмукалка.rnrn
rn
Чекор 3 – Никогаш не си допуштајте да ве фати мрза
rnОва не значи дека не треба да седнете да одморите или да се опуштите лежејќи на вашиот кауч додека гледате телевизија. Но сепак, не треба пречесто да го правите ова, бидејќи човечкото тело бара постојана активност и поголем степен на раздвиженост при вршењето на секојдневните работи. Па така, во секоја дневна обврска гледајте да го активирате телото што е можно повеќе, бидејќи така со ништо можете да потрошите до 300 калории.rnrn
rn
Чекор 4 – Внимавајте со храната
rnМожете да пробате да ги зголемите дневните оброци, но само бројно, не количински. Па така, наместо 3 дневни оброци пробајте истите да ги распоредите во 5 или 6, притоа обрнувајќи внимание истите да содржат храна полна со витамин ц, протеини и растителни влакна. Со самото внесување на природна и органска храна, вашето тело ќе почне да согорува калории при варењето на истата.rnrn
