„The pink drink“ (розовиот пијалак) кој е микс од вотка, Triple Sec и сок од боровинки, стана мега популарен со ТВ серијата „Сексот и градот“, во која софистицираната Кери Бредшо го нарачуваше во секој бар во Њујорк. Но сега, секоја од четирите девојки има свој уникатен напиток, направен од производителите на вотката SKYY.rnrnПравењето коктели никогаш не било повозбудливо! Викнете ги вашите најблиски пријателки на гости, спремете чаши за мартини и поминете една незаборавна вечер, како девојките од „Сексот и градот“.rn
„The Carrie“ – Кери
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 60 ml SKYY вотка
- 15 ml свежо цеден сок од лимон
- 15 ml свежо цеден сок од зелен лимон
- 1 кафена лажичка шеќер
- 1 голтка ликер Crème de cassis
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnВо еден поплиток сад сипете малку од ликерот, превртете ја чашата за мартини обратно и натопете ја површината во него. Потоа во тацна сипете шеќер и кристализирајте ја чашата. Во мешалка за коктели (шејкер) ставете ги состојките и додадете неколку коцки мраз. Енергично тресете ја мешалката за убаво да се изедначи пијачката и потоа сипете ја во чаша за мартини произведена од Swarovski (сет од 2 чаши чини „само“ 390 американски долари). Завршете го коктелот со отсипување една капка од ликерот crème de cassis на врвот.rn
„The Samantha“ – Саманта
rn

rnrn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 60 ml SKYY вотка со вкус на ананас
- 30 ml свежо цеден сок од зелен лимон
- 20 ml ликер Triple Sec
- 20 ml чоколаден ликер Crème de cacao
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете ги состојките и неколку коцки мраз во мешалка за коктели и промешајте убаво. Сипете ја пијачката во секси чаша за мартини. Декорирајте со резанка од зелен лимон.rn
„The Charlotte“ – Шарлот
rn

rnrn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 45 ml SKYY вотка со вкус на грозје
- 90 ml газиран сок 7- Up
- 7 ml свежо цеден сок од лимон
- 7 ml црвено вино
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnИсцедете пола лимон и сипете го во мешалка за коктели. Додајте ги вотката со вкус на грозје, сокот 7–Up и неколку коцки мраз, а потоа промучкајте. Пијачката сипете ја во висока чаша Collins (сет од 6 чаши чинат 42,60 американски долари) полна со коцки мраз. На крајот, заруменете го котелот со црвено вино.rn
„The Miranda“ – Миранда
rn
rnrn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 60 ml SKYY вотка со вкус на ѓумбир
- 2 супени лажици сируп од мед (за да направите сируп од мед, потребно е да измешате една лажица вода со една лажица мед)
- 20 ml свежо цеден сок од лимон
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете ги сите состојки во мешалка за коктели, додадете неколку коцки мраз и промешајте силно. Сипете го добиениот коктел во замрзната чаша за мартини. Од лимоновата кора направете декоративна лента, која ќе ја замотате на стапче за коктел.rn
„The Mr. Big“ – Ѕверка
rn

rnrn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 60 ml SKYY вотка со вкус на цреша
- 15 ml бурбон Wild Turkey 101
- 20 ml Кока-кола
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСипете ги вотката, бурбонот, колата и неколку коцки мраз во мешалка за коктели и мешајте. Подготвената пијачка сипете ја во голема чаша за пунч од 3,5 dl. На крајот декорирајте со марачино цреша.rnrnОдберете го вашиот омилен коктел и забавата може да започне!rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
