Веројатно и вие, како и повеќето, со душа ги чекате топлите месеци од годината за да можете да ги носите омилените летни модни парчиња. Но штом ќе стигне летото, сфаќате дека не сте подготвени и задоволни од вашиот изглед, па постојано се обидувате да сокриете нешто. Во текот на летото, нозете често се главниот фокус, а истовремено се и најпроблематичниот дел од телото кога станува збор за масни наслаги и целулит.rnrn
rnrnЗа среќа, сè уште имате време да ги добиете совршените нозе до летото со помош на овие практични совети.rn
1. Тренирајте дома
rnНе дозволувајте многуте обврски да ви бидат изговор за недостаток од физичка активност. Секој може да одвои барем половина час за вежбање дома. Денес можете да најдете безброј вежби за нозе што можете да ги правите во удобноста на вашиот дом. Кога ќе го планирате дневниот тренинг, обрнете внимание на секоја мускулна група на нозете. Доколку навистина сакате да изгледате добро, потребно е да обрнете внимание и на вашата исхрана. На овој начин ќе ја спречите појавата на целулит. Во деновите кога ќе излегувате од дома, обидете се барем половина час да пешачите или да возите велосипед.rn
2. Aнтицелулитен третман
rnЦелулитот е еден од естетските проблеми со кој се соочува речиси секоја жена. Можете да ја намалите видливоста на целулитот со масажи кои можете да ги изведувате и сами. Најдобри резултати ќе добиете доколку ги масирате нозете со антицелулитна крема. Најдобро е да одберете крема на база на кафе кое е силен диуретик и ги дехидрира масните клетки, со тоа намалувајќи ја нивната површинска видливост.rn
3. Темелна депилација
rnВлакната се најголемиот непријател на сите жени, особено во летните денови. За да можете да го облечете омиленото здолниште, треба да ги бричите нозете речиси преку еден ден, но ова може да ја иритира вашата кожа. Затоа, најдобро е да се одлучите за депилација. Депилацијата дава подолготрајни резултати, го ослабува коренот на влакната и ќе ја направи вашата кожа мека и мазна.rn
4. Пилинг
rnКога ќе се земе предвид дека нозете не се дел од телото што редовно го третирате со пилинг, обидете се ова да стане ваша рутина. На овој начин ќе ги отстраните мртвите клетки и ќе ја направите вашата кожа помазна и убава.rnrnПробајте ги и овие едноставни вежби за послаби нозе и позатегнат задник.
